ДРОГА И ОРУЖЈЕ ПРОНАЈДЕНИ КАЈ КУМАНОВЕЦ: СВР Куманово поднесе кривична пријава за кумановец – пронајдена дрога и оружје во неговиот дом и автомобил

  • August 30, 2018

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријавапротив М.П. (36) од Куманово, за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“.

Завчера во Куманово од страна на полициски службеници при извршен претрес во домот на пријавениот, биле пронајдени и одземени 410,83 грама марихуана, саксија со растение кое припаѓа на растителниот род Cannabis, дробилка со остатоци од растението Cannabis, луле со остатоци од мешавина на тутун и Cannabis и дигитална вага, додека при преглед на патничко возило „Цитроен Ксара“ кое било паркирано пред неговиот дом била пронајдена и одземена ловечка пушка марка „ТОЗ“ калибар 16 мм.

Претходно «
Следно »