Другарство вредно 508 милиони евра – како Заев и Филипче сакаат да го изведат најскапиот проект во Македонската историја?

Поврзано

- Advertisement -

Како во само четири години, цената за изградба на нов Клинички центар скокна од 110 милиони евра на неверојатни половина милијарда евра (508.020.000 евра), е прашање кое до сега ниту еден одговорен политичар не го одговори. Внимавајте, во оваа цена од 508 милиони евра која се бара на заем од ЕБОР не влегуваат трошоците за експропријација на земјиштето врз кое ќе треба да се гради новиот центар, и не влегува медицинската опрема која ќе треба да се инсталира во новиот Клинички центар.

Брифинг
Според физибилити студијата која пред новинарите ја презентираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, проектот со кој се бараат 508 милиони евра заем од ЕБОР за изградба на новиот Клинички центар, во таа цена не се вклучени трошоци за експропријација на земјиштето врз кое ќе се гради новиот Клинички центар, ниту пак се вкалкулирани трошоците за набавка на медицинската орпема.

Лудост.

Но, за новостекнатото другарство, Заев-Филипче, ова и не звучи така лудо. Ако нешто научиле и двајцата од претходната влада е дека, со анекс-договори можат дополнително да си ја зголемуваат цената од првично договороената (до 30% од основната цена), а тој процес останува неконтролиран од ЕБОР. Вака, другарите од Влада ќе можат секој нов трошок да го „покриваат“ со анекс на договори за набавка на апарати, експропријација на земјиште, ископ, дотур на материјал….нема крај. Оваа опција, отвара можност токму за двоецот Заев – Филипче, кои во ваква ситуација – со анкес договори – ќе можат да вршат дополнување на првичниот трошок со таканаречените „непредвидени трошоци“ кои во дадениот случај ќе бидат за опремување на Клиничкиот центар. А, ако нешто научивме тоа е дека и двајцата имаат многу другари во приватниот сектор кои многу често се појавуваат на тендери.

Закон за Клинички центар – лажна вест
Навистина е глупаво да бидеш најгласен во наводната борба против лажни вести, а самиот неколкупати да бидеш фатен како лажеш.
Токму таков е примерот со Венко Филипче, кој од петни жили се обидуваше да каже дека информацијата за сомнителна набавка на респиратори од Бразил била „лажна вест“. И внимавајте, дури и тогаш кога информацијата беше потврдена со аудио-снимка на која се слуша како амбасадорот кој ги бркал работите во Бразил на барање на Филипче, тој повторно да обвинува дека биле „лажни вести“ иако токму тој самиот е лажна вест.

На пример, лажна вест е дека тој е добар министер. Едноставно.

Друг еклатантен пример е лажната вест дека Владата не исплатила аванс во висина од 7.8 милиони евра на 10.02.2021, а денес да ги гледаме СВФИТ-овите кои потврдуваат дека тоа навистина се случило.

Таков е и примерот со наводната блокада на Законот за Клинички центар од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Да, тоа е лажна вест. И тоа од едноставна причина – таков закон воопшто и не постои.
Она што го бара владејачкото мнозинство, практично е предлог за измена и дополнување на законот за јавни набавки во кој со седум члена се бара од Собранието да и дозволи на владата да склучи договор со две градежни компании во четири очи, без тендери, во вредност од половина милијарда евра – 508 милиони евра, народни пари.

Значи, внимавајте.

Власта бара изгласување на предлог на закон за измена и дополнување на Законот за јавни набавки со кој на Владата ќе и се дозволи да склучи договор од 508 милиони евра во четири очи. Мајката!

Притисоци
Еве, чисто ме интересира – зошто е толкава паниката кај владејачката гарнитура, па постојано да се бара наводно деблокирање на Собранието за да се донесат ваквите законски измени и да се земат 508 милиони евра од ЕБОР, и уште којзнае колку од анекс-договорите потоа?

Внимавајте. Бараат Собранието да одобри измени на закон за договор вреден половина милијарда евра, за проект во кој нема план за изградба – барем според она што го презентираше Мицкоски прпед новинарите, во физибилити студијата не постои конкретен план за градба на Клиничкиот центар, освен план за изградба на инфраструктурата – улици, довод на струја и телекомуникации, водовод и одвод – 508 милиони евра.

Па, нели „клуч на рака“ беше договорот? Вака, изгледа на рачки од тапан на рака.

Но она што ме интересира е, зошто Зоран Заев толку притиска да се изгласа овој закон? Зошто му се брза на Заев?

Поради короната не е, затоа што во физибилити студијата воопшто не е спомнат ковид центар во новиот Клинички центар.

Зошто Заев организира лидерски средби? Точно ли е дека Заев нудел 51% наспроти 49% поделба на „колач“ од Клинички центар на опозицијата и бил одбиен?

Од кој „колач“ ќе делат?

Зошто Заев не го прифати веќе подготвениот проект, со финансиска конструкција и одобрен од Светска Банка за финансирање, а во вредност од само 110 милиони евра направен од претходната Влада? Тој проект, на прв поглед изгледа и подобар – подобра локација (на место на стариот, новиот е во Веле Поле општина Ѓорче Петров), пониска цена, изградба на Ургентен Клинички центар во Карпош 3 до „Румунска болница…?

Зошто не се прифати да се изгради Клинички центар од 110 милиони евра, а со останатите пари да се изградат уште три Универзитетски болници во Тетово, Штип и Битола?

Или треба да се тера бизнис со наши пари, а?

А.Митовски

Latest News

Студија на Лансет: Индискиот сој е нajопaceн и зapaзен

Британските лекари го идентификуваа индискиот сој на новиот коронавирус како најопасен и заразен, покажува студијата објавена во „Лансет“. Специјалисти анализираа...

More Articles Like This