December 8, 2021, 4:21 am

Дрacтични мерки во Словенија по рекордните 707 новозaболени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од понеделник, училиштата ќе работат само онлајн и тоа за учениците од петто одделение од основно училиште нагоре. Од петок, ќе се воведат огpaничувања на движењето помеѓу црвените региони во Словенија, какви што има седум. Во овие региони носењето маски ќе биде задолжително насекаде, работата на одредени службени активности ќе биде ограничена и ќе се забрани собирање на повеќе од десет лица, пренесуваат словенечките медиуми.

Овие мерки се воведуваат откако Словенија со денови има голем број на новоинфицирани со коронавирус. Денеска забележа рекордни 707.

Премиерот Јанез Јанша ги претстави новите мерки за спречување на ширењето на коронавирус.

“Ние сме помеѓу портокаловата и црвената фаза. Во моментов имаме седум статистички региони кои се црвени, пет портокалови и жолти”, рече Јанша во воведот. Според него, владата на седницата одлучила некои од мерките што ги донесе да бидат применети на целата земја, а некои селективно на регионите со полоша епидемиолошка слика.

“Мерките беа усвоени денес, утре ќе бидат објавени во службен весник. Некои ќе стапат на сила во петок, други во понеделник”, додаде Јанша.

Како што објасни Јелко Кацин, мерките поврзани со школувањето ќе стапат на сила во понеделник, а другите ќе стапат на сила во петок.

Ова значи дека мерките од третиот пакет (портокалова фаза) не се применуваат автоматски за целата земја. Мерките што се однесуваат на сите жители, односно на цела Словенија, се повторно воведување на учење на далечина за повисоките одделенија на основните училишта (од 5-то одделение) и за сите одделенија од средното училиште (стапува на сила во понеделник). На високообразовните институции и универзитетите претходно им било препорачано да организираат што повеќе педагошки процеси на далечина.

Latest News

Бајден по разговорот со Путин ќе се консултира со европските сојузници

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе разговара за исходот од денешниот руско-американски видео-самит со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка...

More Articles Like This