ДУИ БИЛЕ ЗАДОЛЖЕНИ ЗА „ВРБУВАЊЕ“ НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: На „црниот петок“ во Собранието бил донесен и Јакимовски, функционери на ДУИ му пренесувале понуди од Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во петокот на денот на гласањето за почетокот на уставната процедура во Собранието се случила тајна средба меѓу двајца од највисокот раководство на ДУИ и лидерот на ГРОМ Стевче Јакимовски, пренесе „Експрес.мк“

Лидерот на ГРОМ бил внесен во собранието од влез кој не е достапен за јавноста а средбата траела од 18 до 19 часот, тврдат извори во ДУИ кои велат дека разговорите со Јакимовски биле конструктивни но дека тој не попуштил на барањата на двајцата високи претставници на ДУИ, пишува „Експрес“

На средбата од Јакимовски било барано тој да го убеди пратеникот на ГРОМ Панчо Минов да гласа за уставните промени а за возврат да бидат избришани сите кривични пријави за него и за неговите соработници од општина Карпош, објаснуваат од порталот.

На средбата која според информациите била организирана од ДУИ а на барање на Заев, лидерот на ГРОМ изјавил дека останува на својата позиција против Преспанскиот договор, дека тој е штетен и дека од Минов ќе бара да гласа против уставните измени.

Според информациите на expres.mk на половина од состанокот еден од двајцата високи претставници на ДУИ излегол од средбата и се сретнал со лидерот на СДСМ Заев кој бил во Собранието, по што се вратил на состанокот со нова понуда за соработка со Јакимовски и ГРОМ но тој ја одбил и таа понуда по што состанокот завршил а пратеникот на ГРОМ Панчо Минов по неколку часа гласаше против уставните измени.

Извори во обезбедувањето на Собранието велат дека влезот на Јакимовски во Собранието мора да е заведен во извештаите за влез и излез но дека не знаат зошто оваа средба се криела од јавноста.

Лидерот на ГРОМ Јакимовски не одговара на пораките со прашања во врска со овој настан.

ГРОМ е најсилната партија во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а лидерот Јакимовски пред два месеци беше повикан на информативен разговор во полициска станица во врска со кривични дела во општина Карпош.

Единствен кој не се гони од финансиската полиција во еден од случаите е актуелниот шеф на кабинет на актуелниот градоначалник Богоев од СДСМ кој е потписник на една од јавните набавки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This