ДУИ НЕ МУ ЗАБОРАВА НА ЗАЕВ ЗА НАВРЕДИТЕ И ОМАЛОВАЖУВАЊАТА: За ДУИ се пуштија криминални бомби од страна на криминални структури

  • February 11, 2017

Артан Груби од ДУИ синоќа гостуваше на 24 Анализа, во проопозицискта телевизија 24 вести, говорејќи за политичката криза и барањата на албанците. Според Груби, бомбите за ДУИ ги пуштаа криминалци и за него во бомбите нема инкриминирачки моменти.

grubi

– Тие бомби кои што беа легално објавени ако можам да кажам немаше никакви индикации за криминал, нема никаква постапка отпочната во СЈО за ДУИ се пуштија криминални бомби од страна на криминални структури и тоа се во однос на приватни разговори. Рече Груби.

Имено СДСМ во текот на целиот период додека ги пушташе нелегално прислушкуваните материјали, пушташе и бомби за ДУИ. А Зоран Заев, во сите свои јавни настапи ги омаловажуваше и навредуваше.

Претходно «
Следно »