ДУИ СЕ ИСПАЗАРИ: По изборите ќе го добијат Министерството за труд и социјална политика!

  • March 13, 2019

Демократската унија за интеграција веднаш по претседателските избори ќе го преземе кормилото на Министерството за труд и социјална политика. Така велат за „Медиал.мк“ извори во партијата на Али Ахмети.

Овој потег на ДУИ дојде како резултат на несогласувања со СДСМ во врска со Законот за заштита на децата, односно обидот на актуелната министерка за труд и социјална политика, Мила Царосвска, да ја отстрани мерката „ТРЕТО ДЕТЕ” и нејзиниот обид за реформи во системот за пензионирање преку таканаречената „СОЦИЈАЛНА ПЕНЗИЈА” каде секој граѓанин кој има само еден работен ден може да се пензионира.

Претходно «
Следно »