Дурловски: Во сопствената држава немате право да покажете патриотизам, а да не сте етикетирани

  • April 9, 2017

Во сопствената држава немате право да покажете патриотско чувство, а да не бидете етикетиран како националист, човек којшто има нешто против малцинствата, во случајов сограѓаните Албанци, оцени оперскиот пејач Игор Дурловски и еден од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“.

durlovski-640x318

Тој истакна дека Тиранската платформа е контроверзна и спорна по многу прашања и истата треба да биде осудена.

-Во Битола растев во мешана средина, со другари Албанци, Турци, Срби, Македонци, Власи и секогаш сме имале одлична дружба. Во МОБ каде сум генерален директор имам колеги Албанци, некои ми се и пријатели, и не сум против да му се дадат на сограѓанинот права коишто му следуваат или права коишто можеби не му следуваат, но треба да му бидат дадени. Сепак кога ја прочитав „Тиранската платформа“ бев запрепастен од неколку точки. Прво беа спорни деловите за иднтитетот,ме загрижи барањето за признавање на геноцид, спорно е и барањето за двојазичност на целата територија на Република Македонија. Како граѓанин кој размислува со здрав памет можам да оценам дека тоа ја води државата во амбис, и тоа е она што ме натера да бидам дел од овие протести, заклучи Дурловски.

Претходно «
Следно »