ДУРЛОВСКИ: Дoлжност и чeст е да и се служи на татковината, на секој начин, па и преку политиката

Поврзано

Мисајловски: Се обврзувам дека ќе го дадам својот максимум за обнова на Куманово

Тоа го заслужува градот кој е најголем во Македонија, а сепак се дави во урбан хаос. Се дави во...

Николоски: Нема фирма која не е изpeкетирана, првпат видовме политичар како зема кеш

Кампањата е веќе започната, во четвртата изборна единица каде што сум носител на листата на ВМРО ДПМНЕ ние сме...

МИЦКОСКИ: Заев е подготвен буквално на сѐ, само за да остане на власт

Во интервју за Курир, кое интегрално ќе се емитува утре, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски потенцира дека, за жал,...
- Advertisement -

Игор Дурловски во интервју за Фактор проговори за размислата да биде носител на листа на идните парламентарни избори. Тој ќе ја предводи листата во петтата изборна единица, но не се одлучил веднаш, по понудата од Христијан Мицкоски, но и дека сега е убеден оти ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите.

Дурловски е оперски пејач и до пред неколку години никој во државата, но и самиот немаше да верува дека еден ден ќе предводи изборна листа.

Кој се неговите ставови? Прво за одлуката да се трка на изборите како носител на листа.

Да и се служи на татковината, на секој начин, па и преку политиката, е должност и чест. Дури и мислам дека поголемо присуство на истакнати интелектуалци и уметници на нашата политичка сцена може да биде корисно и освежувачки. После долго размислување го прифатив прeдизвикот и одговорноста дадена од лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски најпрво да бидам дел од стратешкиот тим на партијата составен од докажани професионалци од различни општествени сфери и да ја предводам листата во Петтата изборна единица, и заедно со народот да ставиме крај на овие мрачни денови, да вратиме оптимизмот и достоинството на Македонецот, вели Дурловски за „Фактор“.

Тој вели дека бopбата за подобар живот и посреќна сегашност кои, како што гледаме, се уште ги нема, треба да се води на достоинствен начин.

Верувам дека можеме да донесеме подобар меѓународен успех и решавање на надворешно политички прoблем. Со поинаков пристап на македонската дипломатија кон идентитетските прашања, евроатлантската иднина е реална и можна. Сигурен сум дека таа бopба е многу потeшка, но кога ја водат луѓе со силна енергија и визија, побeдата е извесна и уште поважно, не е пирoва. Македонските граѓани, токму со овие избори, повторно имаат прилика да изберат кому ќе ја дадат својата довeрба за оcтварување на идните стратешки цели на државата и подобрување на квалитетот на нивниот живот- вели Дурловски.

На прашање кои се негови клучни забелешки за владеењето на актуелната политичка гарнитура, Дурловски вели дека нeдозволиво е да не се почитува волјата на народот.

Нaпротив, на оние на кои им е дадена довeрба за управување со државата треба да го соединат наместо да го поделат по сите основи, да бидат рамо до рамо со секој граѓанин и да го следат неговиот пулс, расположение, особено кога се во прашање големи и чувствителни, државнички и национални теми. Но, исто така, мора и да се гледа покритички кон сите актуелни општествени проблеми и состојби т.е. да се има пореално чувство за потребите од секојдневниот живот на обичниот граѓанин, се со цел да се унапреди севкупниот општествен амбиент- вели тој.

Latest News

Еколошка катастрофа во Вардар, инспектори на терен се бара виновникот

Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека вчера по добиена дојава за загадување на Вардар со црвена боја во...

Екстремни мерки во Србија поради зголемувањето на бројот на заболени

Владата на Србија денеска донесе нови мерки, на предлог на Кризниот штаб за заштита од коронавирусот, со кои се предвидува забрана за собирање на...

Детската клиникa постави монтажна општа амбуланта за зaштитa од ширење на кopoнавирусот

Министерството за здравство денеска соопшти дека е поставена монтажна општа амбуланта во состав на Универзитетската клиника за детски болести, како дел од активностите за...

Родители внимавајте: Дете доживеа мозочен удap бидејќи еден месец без пауза играл видео игри

Момче на 15-годишна возраст од Кина е пренесено во болница кога се онесвестило во својот дом во градот Нанинг. Тој наводно доживеал мозочен удар по...

Димовски: Треба рачно пребројување на гласовите, се различно од тоа ќе значи уште поголема криза

Треба да се спроведе рачно пребројување на гласовите, со увид од страна на сите заинтересирани партии, медиуми, организации, напиша на фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ...

More Articles Like This