November 28, 2021, 9:33 am

Дутерте: Европската унија ја држи во заложништво Астра Зенека

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Филипините, Родриго Дутерте ја обвини Европската унија дека го блокира извозот на вакцини против коронавирусот и „остава некои земји без пристап до вакцините“.

Дутерте во синоќешното телевизиско обраќање рече дека неговата Влада прави сè што е можно за да набави вакцини и да почне со имунизација, но има тешкотии во набавката.

„Ние не сме моќни како ЕУ“, рече тој во одговор на критиките дека Филипините заостануваат во вакцинацијата. „Имаме пари, подготвени се … Но Европската унија ја држи во заложништво Астра Зенека“, додаде тој.

ЕУ води разговори со Астра Зенека откако производителот на вакцини најави големи застој во снабдувањето со вакцини за Унијата.

Дутерте исто така рече дека новиот систем на ЕУ за контрола на извозот на вакцини може да се искористи за блокирање на извозот во земји како Филипините со цел да се задржат дозите во ЕУ.

СЗО вчера соопшти дека Филипините ќе добијат 44 милиони дози вакцини од програмата Ковакс, а 9,2 милиони дози се очекуваат во првата половина на годината. Филипинската Влада соработува и со приватни компании за купување вакцини. Земјата заклучно со вчера регистрираше 527.272 заразени и 10.807 смртни случаи од коронавирусот.

Latest News

Од денеска започнуваат Божиќните пости кои траат 40 денови, пред големиот празник Рождеството Христово

Од денес 28-ми ноември започнуваат Божиќните пости кои траат 40 денови, пред големиот празник Рождеството Христово Божик, на 7-ми...

More Articles Like This