ДУША СЕ ИCПУШTA, ВЛАСТ НЕ: СДСМ се подготвува за избори

  • May 28, 2019

Еуфоријата околу метлата конечно стивна, па сега може смирено да ги резимираме и резонираме случувањата и реакциите во СДСМ.

Објективно народот очекуваше реконструкција на Владата, оставки и разрешување на министри и директори, а со оглед на незадоволството кај граѓаните се очекуваше и некој од градоначалниците да понесат одговорност.

Тоа е повеќе лесно да се изговори, отколку да се спроведе со оглед на фактот што доколку градоначалник си даде оставка, ќе треба да се организираат вонрадни локални избори во општината, а тоа е луксуз кој ниту една индивидуа од СДСМ и самата партија не сака ни да помисли, а и не може да си го дозволи.

Дури премиерот и лидер на СДСМ по завршувањето на Централниот Одбор на партијата изјави дека реконструкцијата на владата ќе биде минимална и ќе опфати едвај три ресора, што е уште една потврда на тезата на опозицијата дека Заев режира обичен куклен театар.

Без разлика на политичката определба и симпатии, на граѓаните им е повеќе од јасно дека владата на Заев две и пол години ги потроши исклучиво на договорот за промена на името и неговото спроведување и имплементација во Уставот. Во два изборни циклуси, референдумски и претседателски, СДСМ се „возеше“ на картата на ЕУ и НАТО, а со секој нов ден се повеќе станува јасно дека новата творевина Северна, можеби е подалеку од европските интеграции дури и од Република Македонија. Еврпоските извештаи постојано потенцираат на зголемениот индекс на кopyпција, завиcнocта на cyдствoтo и неговата подложеност на влијанија и политички инструкции, како и ред други забелешки што открива дека всушност името на државата и не била единствената пречка за пристапните преговори.

Ако хронолошки ги согледаме збиднувањата, внатрепартиската реконструкција на СДСМ не е ништо друго освен подготовка за избори.

Централниот Одбор на СДСМ се одржа во последната декада на мај, пред почетокот на јуни, шестиот месец во годината. Сите претседатели на општинските организации беа разрешени, како и потпретседателите на партијата кои ете не биле разрешени ами сами се повелекле или си дале оставка.

Новите луѓе на раководните функции во општинските организации кои ќе бидат избрани ќе имаат за задача да ги затегнат своите редови и да ја подигнат општинската на изборна готовност. Тоа значи дека Заев и СДСМ директно го признаа незадоволството од членството на партијата и симпатизерите, а тоа најдобро го почуствуваа преку последниот изборен циклус во кој имаа огромен проблем да го мотивираат членството масовно да излезе на гласање.

Ова разочарување и демотивираност се должи токму на слабите и погрешни политики на СДСМ кои требаше да бидат во интерес на граѓаните, а голем дел од партиските послушници не успееа да бидат регрутирани и здомени во државните институции и претпријатија, па оттука новите општински претседатели ќе го релаксираат а воедно и рестартираат креирањето на новите листи за вработувања, а тоа ќе создаде нова енеригја за евентуалните предвремени парламентарни избори.

Првите проекции наговестуваат предвремени парламентарни избори на пролет. И ова не е тешко да се заклучи ако се земе во предвид досегашната пракса на освежување на партиските редови половина година пред евентуален изборен циклус – временски период кој ќе им овозможи на новите структури да го мотивираат членството и штабовите, до крајот на годината. Потоа следува техничка влада, по теркот на Пржинскиот договор од 100 дена, Влада која ќе овозможи спроведување на тие избори и ќе гарантира минимум фер и демократски услови.

Втората проекција е идентична како првата, но отстапува во тајмингот за одржување на изборите. Тоа значи дека внимателно ќе се следи работата на новоизбраните претседатели на општинските организации, а познавајќи го СДСМ претстојниот летен период ќе биде искористен за одмор, па дури на есен да почнат со сериозна работа и регрутација на „свежата кpв“ која на крајот на 2020 би била доволно подготвена за редовните парламентарни избори во декември.

И двете проекции се во игра, во зависност од политичкиот импулс и збиднувања, помалку веројатно е Заев да отиде на предвремени избори, со оглед на огромниот пад на рејтингот.

Дополнителен фактор е појавуањето на сериозен политички субјект кај Албанците, кој со нетрпение чека да му го „земе cкaлпoт“ на ДУИ, а тоа значи дека Заев и СДСМ ќе бидат оставени сами на себе бидејќи ДУИ ќе мора да се пресмета во албанскиот електорат.

Прекршувањето на „Мајскиот договор“ од страна на ДУИ – коалиција помеѓу победникот кај македонскиот со победникот кај албанскиот електорат, го осолбодува ВМРО-ДПМНЕ од обврската, при евентуална победа на изборите да коалицираат со победникот дури тоа да биде и ДУИ. Доволно е ВМРО-ДПМНЕ да го победи СДСМ во бројот на освоени пратенички места, а со евентуална коалиција да стигне до 61 пратеник во Собранието.

Ваквата поставеност наговестува дека СДСМ нема ни да помисли на предвремени парламентарни избори, особено што благодарение на гласовите на ДУИ во претседателските избори, СДСМ едвај победи со разлика која во Донтовиот модел на парламентарни избори би значел пораз.

Човек се бори кога испушта душа, на крајот се предава во рацете божји.
Човек се бори кога испушта власт, до последен здив, не се преава во ничии раце
стара народна

Претходно «
Следно »