April 28, 2024, 12:41 pm

Д У И во пaниka: Дијacпората повикува да гласа за нивниот кандидат во Кичево

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кичевската дијаспора ги повикува „сонародниците да гласаат за кандидатот Албанец“ во Кичево Обединетата кичевска дијаспора преку соопштение ги повика сонародниците да заминат во татковината, со цел, како што велат, да се гласа за кандидатот Албанец во Кичево во вториот круг од локалните избори, пренесува Фактор.

„ Почитувани сонародници, Во Кичево ние Албанците сме физичко мнозинство и имаме можност да станеме политичко мнозинство. Значи, наше е да го водиме Кичево. Градоначалникот во принцип мора да биде Албанец.

Затоа, Обединетата дијаспора од Кичево ги повикува сите сонародници да се мобилизираат и да заминат во нивниот роден град, во Кичево, да гласаат за Кандидатот Албанец во вториот круг од локалните избори што ќе се одржат во недела, 31 октомври 2021 година.

Обединетата дијаспора на Кичево ги поканува двајцата кандидати Албанци од првиот круг на соработка со цел обединување на албанскиот глас со цел албанскиот кандидат да излезе како победник на 31 октомври 2021 година.

Ќе се организираат патувања во Татковината преку здруженијата во Швајцарија, Австрија, Германија, Италија итн“, се вели во повикот.

Во Кичево во втор круг одат Фатмир Дехари од ДУИ и Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ. Според податоците на ДИК, Александар Јовановски освои 8801 глас, додека Фатмир Дехари 8545 гласа.

Извор: Фактор

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This