October 28, 2021, 6:27 am

Дeнecкa зaпoчнyвa eceнтa – вpeмeто ќe бидe oблaчнo и вeтpoвитo, a дeнoт и нoќтa изeднaчeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Есента во земјава и на северната хемисфера почнува вечер во 21:21 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.

Првиот есенски ден е 265-иот ден во годината во годината и ќе трае 12 часа и 14 минути. Сонцето изгреа во 6 часот и 19 минути, а ќе зајде во 18 часот и 33 минути.

Есента ќе трае 89 дена, до 21 декември во 20 часот и 38 минути, кога календарски започнува зимата.

Синоптичарите на првиот ден од есента најавуваат променливо облачно и свежо време со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието, засилен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 16 до 25 степени.

Во Скопје слично време со услови за повремен слаб дожд. Утринската температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Облачното и посвежо време со умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец ќе преовладува до четврток. Од четврток до сабота утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои повисоки места ќе се спуштат и до 0 степени. Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно и потопло време со пониски утрински, а повисоки дневни температури. Зголемување на облачноста се очекува во понеделник попладне.

Latest News

Се pacпаѓа ли парламентарното мнозинство? Пратеникот од СДСМ, Талески пред неколку дена ја понудил својата оcтавка?

Неофицијално првиот човек на СДСМ Прилеп и единствен пратеник во Собранието од градот под Марковите Кули, пред неколку дена...

More Articles Like This