April 22, 2021, 10:02 pm

Дeнecкa пpaвocлaвнaтa цpквa гo пpaзнyвa Свети Ѓорѓи Кратовски – eвe чив зaштитник e

Поврзано

Спopeд кaлeндapoт нa MПЦ: Дeнecкa e Св. maчeник Евпсихиј

Мачеништвото на Евпсихиј паѓа во времето на владеењето на Јулијан (361-363 година), кој заради отпаѓањето под христијанството и враќањето...

Денеска е Пpeподобен Гeopгиј Мелитински

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 април. Денеска е Преподобен Георгиј Мелитински. Преподобниот Григориј беше уште едно од...

Денеска се празнува Неде CBeта Mapија Египетска

Петтата недела од Великиот Пост е посветена на преподобната Марија Египетска бидејќи во оваа недела, една пред почетокот на...
- Advertisement -

Свети Ѓорѓи Кратовски е заштитник на градот Кратово, со силен култ не само во Кратовско туку и на многу поширок простор.

На 24/11 февруари Светата православна црква го празнува денот на Свети Ѓорѓи Кратовски кој на овој ден 1515 година во Софија бил мачен, а потоа спален, на 18 годишна возраст. По занает бил кујунџија и останал како заштитник на златарите и кујунџиите.

Житието вели дека Свети Ѓорѓи Кратовски е роден во 1497 година во Кратово од родители Димитрија и Сара. По желба на родителите по завршувањето на училиштето пошол на кујунџиски занает кој во Кратово во тоа време бил популарен и поради рудниците. Набргу станал познат мајстор. Во тоа време турските власти собирале т.н. данок во крв, за пополнување на војската која напредувала кон Европа, правејќи војници – јаничари. За таа цел барале млади и способни деца. Знаејќи дека во Кратово нема да остане долго незабележан решил да замине во Софија, надевајќи се дека поголемиот град нуди повеќе можности да остане незабележан. Така преку Ќустендил, Радомир и Перник пристигнал во Софија. И тука поради способностите набргу се стекнал со углед и бил забележан и од Турците. Му биле понудени благодетите на царските власти под услов да ја смени верата и да го прифати исламот. Но Ѓорѓи Кратовски без размислување го одбил поради што бил ставен во затвор. Ја бранел верата Христова поради што бил мачен, а потоа и спален на 24/11 февруари 1515 година. На 8 јуни (нов стил) моштите на Св. Ѓорѓи Кратовски биле пренесени во црквата и овој ден светата православна црква го празнува како втор празник поврзан со името на овој светец.

На иконите Св. Ѓорѓи Кратовски е претставен како голобрадо момче во кошула со крст во десната рака и маслинова гранка во левата. Над ореолот има напис: „Свети Ѓорѓи кој настрада од Селим.“ Неговиот лик бил насликан во црквата „Св. Ѓорѓи“ во с. Патралица – кривопаланечко во манастирот „Студеница“ и др. места. Во црквата „Света Богородица“ во Скопје бил претставен со крст во десната и книга во левата рака. Од 17 век е сликан во национална носија. Култот на Св. Ѓорѓи Кратовски од Македонија се проширил и во Србија, Бугарија и Русија.

Од рана возраст со света желба на Господа си Му се предал, со сета душа Христа Единиот си Го засакал и Него, Кој е вистинскиот Бог во Троица почитуван, пред нечестивите Турци си Го проповедал. Со венец маченички си се украсил, славен, и кон небеските жители си се придружил. премудри Георгиј, моли го Христа Бога да ја чува татковината Твоја и да ги спаси православните и градот, кои секогаш ги прославуваат Твоите подвизи.

Latest News

(Видео) Вoopyжена пpecтрeлка во Сараево, има и пoвpeдени

Вечерва се случи пукање во сараевската населба Храсно, тоа беше потврдено за Кликс во Министерството за внатрешни работи на...

More Articles Like This