Дeнecкa пpecyдa зa „Moнcтpyм”

Поврзано

Heвиден ckaндал со зapoбена држава – Hema затвop за функционери на Д У И

Министерот Бојан Маричиќ, вицепремиерот Љупчо Николовски одговорен за корупција и криминал и премиерот Заев се под силен мониторинг во...

Од опepaтивен paботник во телефонcка центpaла до диpeктop: Фyнкционep на Д У И ќе директopyва во Битола

Управниот одбор на ЈП “Стрежево“ во Битола, на денешната он-лајн седница, за ВД- заменик директор го избра Љутви Ахмети,...

(Видeo) Адвokaтот на Сашо потврди: Mиjaлкoв aктивнo yчecтвyвa вo cвикyвaњe нa конгpecт нa MK Mepиот

Адвокатот Петар Василев кој е бранител на екс шефот на УБК Сашо Мијалков знаел дека неговиот клиент бил активен...
- Advertisement -

Случајот „Монструм” го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Во завршен збор, обвинителката Фатиме Фетаи, побара максимални казни за обвинетите Халил Демири и браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, обвинети за кривичното дело „тероризам”, односно директно извршување на петкратното убиство на пет лица кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година. За обвинетиот Фејзи Азири, пак, обвинителката Фетаи побара од Судот тој да биде прогласен за виновен за две кривични дела помагање на сторител во извршено кривично. За исти кривични дела, како Фејзи Азири, обвинет е и Хаки Азири. Во недостиг на докази дека го извршил кривичното дело „тероризам” од обвинение е ослободен Сами Лута.

Одбраната на обвинетите, во заврешен збор, рече дека случајот „Монструм” е целосно исконструиран и синоним на случајот „Драјфус”, со тоа што има подалекусежни последици бидејќи шест невини лица беа осудени на доживотен затвор. Според нив, очигледно е дека обвинителството не обезбедило доволно докази и има само голи индиции и не ги докажува претпоставките за можен мотив.

Од друга страна, одбраната на семејствата на жртвите, во завршен збор на Судот му порача дека има обврска и кон семејствата, но и кон целата јавност да дадат одговор што се случило на 12 април 2012 година, и повторно побара екстрадиција на двајцата обвинети од Косово.

По завршните зборови на обвинителството, во Скопје се одржа протест на членови на семејствата и поддржувачи на обвинетит, на кој беше побарано разрешување на обвинителката Фатиме Фетаи и меѓународната заедница да интервенира за да има правда во „Монструм”, каде според демонстрантите, се гонат невини луѓе.

Во претходна постапка за убиството на  момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост.

Во септември 2019 година предметите на СЈО ги презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и беа доверени на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети.

Latest News

Гoлем протест пред Влада: Извисените угостителите и индустријата за организирани настани бараат Власта да најде решение

Угостителите и индустријата за организирање на свадби утре повторно излегуваат на протест. Локацијата е пред Влада, часот 15:00. Бараат...

More Articles Like This