ДEТOКCИКAЦИЈA ОД ВИPТУEЛНИOТ CВEТ: Во грaд во Норвешка плaнирaaт да им ги oдзeмaт мoбилнитe тeлeфoни на пoмлaдитe лицa

  • December 4, 2019

Покрај зaбpaнaтa на мобилните телефони во училиштата, општинските власти на Ставангер, град во Норвешка, планираат да им одземат на помладите ученици индивидуален пристап до компјутери.

Повеќето градски советници ја поддржаа оваа идеја, истакнувајќи дека на овој начин на децата треба да им се дозволи да се „дeтoкcиpaaт“ од виртуелниот свет.

Планирано е дека учениците од прва до четврто одделение веќе нема да имаат пристап до персонални компјутери, и наместо тоа ќе постават заеднички компјутери во училниците што можат да се користат со дозвола на наставникот.

Целта е да се воведат горенаведените мерки за ученици од сите одделенија, од прво до десетто.

Мимир Кристијансон, градски советник, рече дека е многу загрижен за прекумерната употреба на мобилни телефони и компјутери меѓу децата и младите.

„Сигурно е дека би било многу корисно и здраво за децата да поминуваат помалку време во виртуелниот свет“, рече Кристијансон.

Претходно «
Следно »