January 24, 2021, 10:23 am

Дoбилa нa лoтo по 20 години игpajќи ги бpoeвитe нa пoкojниoт coпpyг

Поврзано

Научниците потврдија: Koгa чoвeк лaжe, тoj гo имитиpa гoвopoт нa тeлoтo нa oнoj штo го лaжe

Неодамнешниот експеримент на холандски истражувачи од Универзитетот во Ротердам, кој го проучуваше влијанието врз говорот на телото и движењата,...

Еликсир на младоста: Кинезите открија средство што го забавува стареењето

Кинески истражувачи тестираат ново средство за деактивирање на генот KAT7, што е клучен фактор во процесот на стареење на...

Златник од 18 век е продаден за 9,36 милиони долари

Редок златник, направен од истакнат занаетчија во Њујорк во 1787 година, беше продадена на аукција во Далас за 9,36...
- Advertisement -

Неименувана Австралијка добила џекпот на лотарија од над 700 000 американски долари откако ги користела истите броеви на нејзиниот покоен сопруг повеќе од 20 години, играјќи лото секоја неделa.

Жена од градот Аделаид, во Јужна Австралија, им соопштила на службениците на лотаријата дека првично се збунила кога службеник во локална продавница и рекол дека не можат да и ги исплатат добивките од лотаријата Понеделнично Икс лото од извлекувањето од 30 ноември.

“САМО ШТО ОТИДОВ ДА КУПАМ ХАРТИЈА И ГО СКЕНИРАВ БИЛЕТОТ И ТИЕ РЕКОА ДЕКА НЕ МОЖАТ ДА МИ ГО ИСПЛАТАТ“, ИМ ИЗЈАВИЛА ЖЕНАТА НА НОВИНАРИТЕ.”

Таа наскоро ја открила причината за проблемот – го освоила џекпотот во износ од 737.030 долари. Победничките броеви на извлекувањето на Икс лото на 30 ноември 2020 година биле 31, 38, 42, 13, 5 и 9, додека дополнителните броеви биле 1 и 30.

“ГИ ИГРАВ ИСТИТЕ ОВИЕ БРОЕВИ НА ЛОТАРИЈА СО ГОДИНИ РЕЧИСИ СЕКОЈА НЕДЕЛА И ВЕЌЕ 20 ГОДИНИ. ОТСЕКОГАШ МИСЛЕВ ДЕКА ЕДЕН ДЕН ЌЕ ЈА ОСВОЈАМ ГЛАВНАТА ДОБИВКА”, РЕКЛА ДОБИТНИЧКАТА НА ЛОТАРИЈАТА.”

„МОЈОТ ПОКОЕН СОПРУГ ГИ ИЗБИРАШЕ ОВИЕ БРОЈКИ СИТЕ ОВИЕ ГОДИНИ. НЕ ЗНАМ ЗОШТО ГИ ИЗБРА, НО ОТТОГАШ ГИ ИГРАМ. МИСЛАМ ДЕКА СЕГА НÈ ГЛЕДА ОДОЗГОРА И ДЕКА Е МНОГУ СРЕЌЕН!”, ДОДАЛА НЕИМЕНУВАНАТА АВСТРАЛИЈКА.”

Победничката изјавила дека планира да купи нова ограда за нејзината куќа и дека ќе ја сподели лото добивката со нејзините два сина и нивните семејства.

Latest News

Редици за вакцинирање во Белград, не им е важно со која вакцина, само да се вакцинираат

На влезот на Саем во Белград се растегнал ред. И стари и млади. Дошле да се вакцинираат. Некој се...

More Articles Like This