Дo кaдe дojдoвмe..: Ha Македонија и ce зakaнyвa цeнoвeн шok, гpaѓaнитe eдвaj kpпaт дeн зa дeн

На Македонија и се заканува ценовен шок, цените на основните производи постојано растат, народот одвај преживува, а власта ништо не презема. Покрај растот на цените на прехранбените производи од по дваесетина денари, месната индустрија најавува ново покачување на сувомесните производи.

Mесната индустрија најави ценовен шок на производите кои ќе поскапат од 20 до 40%. Бараат Владата да ги врати старите квоти за увоз на замрзнато свинско месо, ослободување од царина на месо за преработка и вклучување на индустријата во 6-тиот пакет мерки. Тие тврдат дека до Велигден ќе може да издржат без помош, но по празниците ќе следат драстични поскапувања на месните производи.

-Да речам 250, 260 денари е чаден свински бут, таа цена после празниците би отишла да речеме над 320 денари. Во зависност од тоа дали ќе има мерки, ако имаме продолжување на мерките ние од прилика, нема да биде 40%, бидејќи 20% отприлика е царината на суровината што ја плаќаме за која бараме да сме ослободени и отприлика покачувањето би било за износот, за процентот кој што е покачен на суровината за која е покачен на светскиот пазар, изјави вчера Гоце Трајчев од Групација за преработки од месо.

Aкo државата не им помогне, велат дека на удар ќе биде целиот сектор. Освен покачувањето на цените многу компании ќе стават клуч на врата, а на многу вработени им се закануваат откази.

Во последниот период, драстично се зголеми цената на маслото за јадење. Неговата цена порасна за над 30%. Сега, килограм зејтин се продава по над 110 денари. Граѓаните се повеќе го чувствуваат трендот на покачувањето на цените.

Бараат владата, по примерот од лани на почетокот економската криза, да ги замрзне цените на производите.

Од друга страна гувернерката на Народна банка, Анита Бежовска вели дека во Македонија е забележана тенденција на раст на цените која е некој вид блага форма на инфлација, при што иако не прецизира колкаво ќе биде зголемувањето на инфлацијата, додава дека сепак се очекува нејзино зголемување.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи смета дека покачувањето на цените е оправдано. Тој во телевизиско гостување истакна дека зголемувањето на цената на маслото за јадење во Македонија треба да ги следи берзанските светски поместувања.

-За жал заради некои движења на светската берза секако треба да се направи некое поместување на цените. Се утврдува дали пазарната цена на маслото во овој момент е 100 отсто оправдана наспроти сите движења на светската берза, наспроти количините што постоеле итн, истакна Битиќи.

А, од друга страна граѓаните се потешко го издржуваат ударот од ценовните шокови на производите. Платите стагнираат, над 60 илјади граѓани ги изгубија своите работни места поради економската криза, а синдикалната кошничка е за околу пет илјади денари поскапа од просечната македонска плата.