April 26, 2024, 11:32 am

Дpaма во Битола: ПОЧИHA млад битолчанец кој пoбeгнa од Koвид центарот па беше вратен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште една ковид- драма вчера се случи во Клиничката болница во Битола. 35 годишен битолчанец, за време на ручекот, побегнал од Ковид- центарот и со сопствено возило се упатил дома, потоа земал терапија за спиење и повеќе не се разбудил. Во меѓу време, дежурниот лекар случајот го пријавил во СВР Битола, па со полициска асистенција и екипа на брза помош, бил пронајден дома во станот од комплексот на згради кај некогашната касарна, а претходно бил пријавен на две адреси. Случајот го потврди битолската полиција. Бидејќи интервенцијате врз него биле неуспешна, веднаш бил донесен во Ковид- центарот во Интерното одделение и сите обиди за негова реанимација, останале безупсешни бидејќи имал тешка кардиореспираторна инсуфициенција и потоа престанок на работа на срцето. Починал во 18 часот и 45 минути. Во системот не се внесени коморбидитети, се вели во соопштените на Министерството за здравство.

Според досегашните информации, починатиот за прв пат се пријавил во тријажната амбуланта на 13 ноември со покачена температура и кашлица, но без рентгенски наод. Откако состојбата му се влошила, на 16 ноември и со позитивен рентген наодот се констатирало дека веќе има и пневмонија, па веднаш потоа бил примен во Ковид- центарот, а на 17 ноември од земениот брис се утврдило дека е позитивен на корона. Вчера, се одлучил на филмско бегство и потоа с`е завршило со фатален крај. Зошто и како се одлучил на овој чекор, може само да се претпоставува, но факт е дека тестирањето кај овој пациент било задоцнето.

Засега може само да се претпоставува зошто 35- годишниот починат битолчанец побегнал дома, тука во овој комплекс кај некогашната касарна и за сопствена потреба или утеха, испил таблети за спиење. Вистината кога- тогаш ќе излезе, а јавноста, секако, ги бара вистинските одговори. /Ст. ап/
Во моментов во Битола , короната е во страшна експанзија, а црните статистики велат дека од почетокот на пандемијата починале вкупно 65 лица, од кои 43 само овој месец. Во Клиничката болница има најмалку 73 лица, од кои, голем број со тешка клиничка слика. Најголемиот притисок во овој период се чуствува во Центарот за јавно здравје околу тестовите, бидејќи во лабораторијата дневно можат да се извршат до 100 тестови, а реалните потреби се далеку поголеми и затоа се чека повеќе денови, некогаш и задоцнето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This