October 1, 2020, 9:02 am

Дpaма: СЈО бара извинyвaњe од Стево Пендаровски

Поврзано

Носете маски, полицијата казнува: Регистрирани 890 прекршоци за 24 часа

Во текот на изминатото деноноќие (30.09/01.10.2020 година) на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична...

Барањата за отказ на сестри од Инфективна ДОКАЗ ДЕКА НЕШТО НЕ Е ВО РЕД СО ЗДРАВСТВОТО во Македонија

– Објавите на социјалните мрежи дека три медицински сестри од Клиниката за инфективни болести, меѓу кои и главната сестра,...

Заев за Каракачанов: Тој ми е пријател и тој премногу ја сака Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за ТВ Стар, говорејќи за пpоблемот со Бугарија, рече дека вицепремиерот на...
- Advertisement -

Во врска со изјавата на Претседателот на Република Северна Македонија г-дин Стево Пендаровски која ја упати по повод чествувањето на Денот на Републиката од меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце,а која повеќето медиумски куќи и интернет портали ја пренесоа,бараме да ја објавите следнава реакција.

Имено, во својот говор Претседателот Стево Пендаровски изјави: „Нашите граѓани со право се разочарани кога гледаат дека обвинителството кое беше симбол на сите наши надежи за расчистување со организираниот криминал се распадна како последица на тоа што и самото стана дел од организираниот криминал…“.

Во ваквата изјава Претседателот недвосмислено зборува за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, при тоа поистоветувајќи ги сите вработени без исклучок, како да се тие дел од организиран криминал.

Обвинителството не го сочинуваше само една личност, па оттаму крајно некоректно е сите вработени да се поистоветат со постапките на една личност и притоа нивниот труд да биде девалвиран.

Ниту една постапка на вработените во сега веќе укинатото Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите не придонесе за распад на институцијата, туку истата беше укината со политички договор како што беше и создадена.

Бидејќи никој, а особено не Претседател на држава, не може и не смее да обвинува од говорница, бараме Претседателот јавно да се извини на сите кои беа дел од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и да ја повлече ваквата срамна изјава во најкус рок.

Воедно го повикуваме и охрабруваме Претседателот доколку има сознанија и докази за ваквите јавно изнесени наводи, истите да ги достави до надлежното јавно обвинителство на натамошно постапување. Ние како поранешни вработени во укинатото јавно обвинителство веруваме во правосудните органи и ги повикуваме да ги истражат ваквите изнесени клевети на наша сметка од страна на г-динот Пендаровски.

Со почит, Од поранешните вработените во укинатото Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите

Latest News

Почна новата учебна година

Одложено за учениците и редовно за студентите почнува учебната 2020/2021 година која е со многу неизвесности поради непредвидливост со...

Носете маски, полицијата казнува: Регистрирани 890 прекршоци за 24 часа

Во текот на изминатото деноноќие (30.09/01.10.2020 година) на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се...

Барањата за отказ на сестри од Инфективна ДОКАЗ ДЕКА НЕШТО НЕ Е ВО РЕД СО ЗДРАВСТВОТО во Македонија

– Објавите на социјалните мрежи дека три медицински сестри од Клиниката за инфективни болести, меѓу кои и главната сестра, поднеле барања за откази поради...

Грозданов: СДС-овски медиумски сперматоитодомани

Зборот Сперматоитодомани го има измислено Зоки Черне. За декодирање за жал го нема ни во Речник, ама добар е за размислување. Вака новинарот и...

(Фото) Сообраќајка кај ЕУ Инфо Центар, блокиран сообраќајот

Утрово, на крстосницата пред ЕУ Инфо центар, се случи сообраќајна несреќа, во која возило удрило во жардиниерата. Сѐ уште не се знае дали има жртви...

More Articles Like This