March 28, 2024, 10:52 pm

Дpaмaтa co maфиjaшкиoт клaн нa Вељко Беливук пpoдoлжyвa: Пoлициcки cлyжбeници плaниpaлe дa гo kиднaпиpaaт cинoт нa Александар Вучиќ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мафијашкиот клан на Вељко Беливук и луѓе од врвот на Министерството за внатрешни работи и државата кои соработувале со тој клан планирале да го киднапираат Данило Вучиќ, синот на српскиот претседател, дознава Српски Телеграф.

Оваа информација е потврдена и со фактот дека на поранешниот државен секретар на Министерството за внатрешни работи, Дијана Хркаловиќ, и беше поставено токму ова прашање за време на сослушувањето во СБПОК.

Според пишувањето на Српски Телеграф, апсењето на кланот Беливук, кампањата против семејството Вучиќ, чија цел беше криминализација на претседателот и неговите најблиски, требаше да има епилог со киднапирањето на Данило. Ова, како што планираа криминалците и нивните инспиратори, ќе се претстави како меѓусебна пресметка на клановите.

Валканата кампања трае со години. Прво против самиот претседател Александар Вучиќ, со планирање и негова ликвидација. Сепак, во еден момент, шефот на државата се покажа како преголем залак со оглед на безбедноста што ја има, па затоа беше договорена резервна стратегија. Клучната точка во таа стратегија требаше да биде киднапирањето на Данило, објаснува добро информиран извор.

Теренот се подготвуваше не со месеци, туку со години.

Данило беше физички следен, а секој негов чекор беше им беше јавуван на одредени кругови, меѓу другото, и за одредени медиуми. Потоа го објавија и го искористија за да го претстават Данило како некој што се дружи со проблематични луѓе. Сето ова беше детално разработено на тајните состаноци, на кои повремено присуствуваа странци, вели изворот.

Според информациите до кои дошле српските служби, во моментот кога било проценето дека не може лесно да се пристапи кон Александар Вучиќ, Данило бил таргетиран како мета. За цело време биле прислушувани шефот на државата, Данило, но и неговиот брат Андреј и таткото на Вучиќ, Анѓелко.

Беливук постојано беше во комуникација со одредени луѓе од врвот на Министерството за внатрешни работи и државата. Мрежата околу Данило полека се плетеше и, доколку не беше уапсена групата на Веља Невоља, планот за киднапирање ќе беше реализиран наскоро. Тоа, како што планираа, ќе ставеше крај на политичката кариера на Вучиќ затоа што ќе се докажеше дека неговиот син е дел од одреден клан, објаснува соговорникот.

Откако Вучиќ дојде на власт, Данило стана предмет на интерес за криминалните групи. Она што е важно да се каже е дека тие не можеа да го следат Данило доколку немаа логистичка поддршка во рамките на полицијата, вели Божидар Спасиќ, поранешен функционер на државната безбедност и додава:

Јасен доказ за тоа се фотографиите на Данило кои се појавија во медиумите, но тие не се појавија таму случајно и не дојдоа туку така во нивни раце. Тоа се фотографии направени со цел да се компромитира Данило Вучиќ. Сето ова не ја исклучува можноста, а всушност е многу веројатно дека во тој процес на подготовка за тивок државен удар, каде што не успеаја да стигнат до Вучиќ, се обидоа, како резервна опција, да стигнат до Данило. Тоа е пресечено во последен момент.

Исто така, би сакал да потенцирам, вели Спасиќ. дека прислушувањето не вреди ништо без да се следи. Тие го прислушкувале Данило, знаеле каде оди и каде се движи, потоа оделе таму и се фотографирале, а на крајот сликите биле објавени во медиумите. Врската е јасна. Мафијата ги искористи сите ресурси на државата, таен надзор и техника за да го киднапира Данило, нема сомнеж во тоа.

На сите им е јасно дека мозокот на целата оваа операција не може да биде Беливук или некој од неговата група, туку некој мораше да биде над нив, како и зад нив, за да им го чува грбот. Од таа причина, многу е важно да се истражи сето ова до крај, вели Јелена Вукоичиќ и додава:

Неколку пати имавме можност да слушнеме и скоро сум сигурна дека во сето ова учествуваат странски фактори, некои странски разузнавачки служби, како и сите оние на кои им пречи претседателот Вучиќ и политиката што ја води. Како одминува времето, се повеќе се разгранува шемата околу Беливук и гледаме дека некои важни луѓе, луѓе од полицијата, се со него во сето ова, гледаме поврзаност на некои медиуми, а како што продолжува истрагата, ќе доаѓаме до се повеќе шокантни информации што ќе склопат целиот мозаик. Тоа што е сигурно е дека зад сето ова стојат многу моќни луѓе и институции, како и некои странски земји. Јас би рекла дека ова е еден од најголемите политички-криминални скандали чија мета беше претседателот Вучиќ или еден од членовите на неговото семејство, во овој случај Данило, рече Јелена Вукоичиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This