ЕВЕ ЗОШТО МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ГОРИ: НАТО го спрема Балканот да биде голема ракетна база против Русија!

  • June 1, 2016

На 13 мај годинава, пред три недели, НАТО го активира воениот ракетен систем во Романија и така, по десет години најави и обиди, оваа моќна ракетна база влезе во употреба. Балканот стана место за крупни воени игри во иднина, бидејќи вакви ракетни бази се поставуваат само на места кои се сметаат за стратешки интерес за големите воени сили, и од кои се напаѓа или кои се бранат со сите воени сретства.

Што и да биде од овие две, веќе е сигурно дека Балканот ќе биде место врз кое се фрлаат силни бомби и ракети. Место за војни и уништувања.
raketen_stit_mapa
Петар Искендеров, соработник на Руската академија на науките, ги предупредува воените и полотички планови на Вашингтон. НАТО и САД.

Според неговите анализи тензиите помеѓу НАТО и Русија веќе се кренати на загрижувачко ниво откако НАТО во Романија го активира системот за противракетна одбрана, а тензиите дополнително се качуваат со најавата за скорешен прием на Црна Гора во НАТО, што за Русија е опасно позиционирање на моќни ракети на Балканот, блиску до нејзините граници. Со тоа се остваруваат најавите на американскиот секретар за надворешни работи Кери дека идната линина на огнот се позиционира на овие, наши простори.

Според мислењето на Искендеров, Вашингтон сака да ја претвори оваа област во силна воена база за развој на својата инфраструктура во регионот.

– НАТО, а особено САД, сака да го стави Косово во центарот на своите политички и воени планови, особено поради неговата одлична локација каде САД веќе има воена база Бондстил, објасни Искендеров за Спутник.
rusija_nato_GS

Воениот аналитичар Мирослав Лазански со своите гледања објавени во емисијата Вести има поинакво мислење кога се работи за американскиот и НАТО фокус на Косово.

– Косово е политички нестабилна територија, база со најсовремената воена технологија не се гради таму каде што секој ден е можно во парламентот да се случуваат тепачки или фрлање солзавци меѓу пратениците. Да, вели тој, централен интерес на САД и НАТО е да имаат силна воена ракетна база блиску до руските граници но, таа локација мора да биде во политички и економски стабилна, пријателски ориентирана средина, и затоа предност за оваа цел имаат Полска и Романија кои веќе ги докажаа овие критериуми за потреби на САД. Најпсоле, Косово е се уште недефинирана територија и таа неизвесност не е добра за воени инвестиции од највисоко ниво.

Воената база на САД – Бондстил е изградена веднаш по срското воено повлекување, во 1999 година во близина во близина на Урошевац. Сега, таа база има полициска и лесно воена намена, но нема доволен број тенкови, летала и ракети и инфратруктура за да би оценета како база со висока воена моќ. Најпосле, неколку пати досега се најавуваше редукција или затворање на базата од страна на Вашингтон токму поради нестабилноста на Косово.
nato_rusija_stit
Радомир Милишиновиќ, од Факултетот за безбедносни студии во Белград, вели дека прашањето за атрактивноста на Косово за воени цели во САД е предмет на анализа и шпекулации од деведесеттите години, и неизвесно во кој правец таа база понатаму ќе се развива. Сега, таа е интересна за САД затоа што е сосема блиску до воената база на Русија и Србија но Ниш која, формално има хуманитарен карактер но, сите постапки и планови ја карактеризираат како класична воена база на Русите.

– Можно е дека идната функција на Бондстил ќе биде токму таа, да ја има под контрола или да ја потисне руската воена база во Ниш, со што оваа територија се вовлекува директно во американско-руските планови за превласт и пресметка, вели Милишановиќ.

Поставувањето моќни руски ракети на Балканот и близу руските граници, за Москва е прашање на сериозен интерес и реална воена закана од овој американски ракетен штит, кој во првата фаза треба да биде завршен во Полска до 2018 година, како и следниот таков НАТО систем кој ќе биде поставен во Романија. За Москва е неприфатливо поставување ваков ракетен систем до нејзините граници со образложение дека тој е наменет за заштита – од Иран.

sateliti
Балканот влегува на линијата на огнот помеѓу двете најголеми светски воени сили, и тоа никого на Балканот неможе да го радува затоа што ракетните во вашиот двор не носат ниту демократија, ниту нови работни места туку само реален потенцијал дека тој простор еден ден може да биде фронт за војување кој ќе се уништува од завојуваните страни.

Претходно «
Следно »