СЕ НАРЕКУВА БУРКИНИ: Како изгледа бикинито кое го носат муслиманките, а ги нервира феминистките

  • August 6, 2016

На религиозните муслиманки, верата им забранува да го изложуваат телото на погледите на мажите, а од хигиенски причини властите во Европа забрануваат во базените да пливаат по облека, па мораа да се откажат од пливање.

burka1-69761

По многу полемики, дојде до договор помеѓу властите и муслиманските заедници.

Буркини е костим за капење за муслиманските верници. Наречен е по комбинацијата на зборобите бурка и бикини. Во Турција го нарекуваат и хазема, а во другите арапски земји е познат како халал костим за капење.

burkini-650x365

 

Се состои од долги панталони и горен дел со долги ракаци и капа место марама.

На европските базени се ангажирани голем број женски персонал, кои проверуваат дали носи долна облека под буркнито, затоа што тоа би било прекршување на хигиенските прописи.

Буркиниот го открива лицето, ја сокрива косата, ги открива стапалата и дланките. Излгеда како костим за нуркање.

Претходно «
Следно »