October 23, 2021, 9:17 am

Еве како од сега ќе се добива македонско државјанство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Парламентарното мнозинство ги изгласа и измените на законот за државјанство кој што беше причина за низата амандмани на албанскиот опозициски блок во законодавниот дом.

Со ваквото законско решение ќе се овозможи да се стекнат со државјанство и лицата кои до сега го немаа, велат партиите од албанскиот блок додека пак за опозициската ВМРО-ДПМНЕ со ваквиот начин на гласање се праќа лоша порака за праксата која се применува во законодавниот дом кога пред одмори се носат закони со политичка позадина.

Со измените се предвидени 16 услови – како платени сметки за вода, струја, потврда за преглед кај лекар, штедни книшки, ученичка книшка, , но не и нужно познавање на македонскиот јазик – со кои луѓе кои до прогласувањето на независноста живееле во Македонија можат да се стекнат со државјанство.

Пратеничката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова забележа дека законот на пленарна седница стигнал со кршење на Деловникот, на сите практики и процедури.

– Комисијата за европски прашања, повторно демонстрираше неевропски вредности. Со европско знаменце, по скратена постапка, Законот за државјанство беше протуркан со прекршена деловничка процедура. Иако законот беше прво предложен од една политичка партија и беше ставен на Комисијата за безбедност и одбрана, тој одеднаш осамна како владин предлог. Предлагачот Владата заборави дека претходно го критикуваше законот, за подоцна критикуваните решенија да ги претстави како свои, рече Панова.

Според неа, Комисијата за европски прашања демонстрирала моќ, а шесте суштински амандмани им биле одбиени како неуредни од страна на претседателот на Собранието.

Извор:

Latest News

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Заев тpи пaти лaжe дeкa ja paзбpaл пopaката, а за ниту еден kpиминaл нeмa oдгoвopнocт, тој пaк лaжe за да мoжe дa...

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат колку пати Заев тврдеше дека ја разбрал пораката, за на крај да излаже за да краде? -Заев...

More Articles Like This