ЕВЕ КАКО СЕ ВРШЕЛО ПРИСЛУШКУВАЊЕТО: ЦИА инфицирала Ајфони, компјутери и телевизори за да прислушкува лидери во земјите од светот!

  • March 24, 2017

Во свежа серија на документи, Викиликс ги разоткрива програмите на ЦИА за хакирање на компјутери, мобилни телефони и дури паметни телевизори од компании како Епл, Гугл, Микрософт и Самсунг, употребувајќи ги нивните техники на тој начин што корисниците не би биле во можност ниту да препознаат дека некој ги прислушкува или да ги оневозможат овие програми преку ресетирање на нивните уреди – безбедносните експерти сметаат дека секој човек кој поседува било како парче технологија би требало да биде загрижен

prisluskuvanje

Во серијата документи, именувана како „Волт 7“ (Сеф 7), се содржани документи на серија на проекти на ЦИА со кои се инфицирал хардвер и софтвер на Епл, разработен од развојната гранка на ЦИА. Пред оваа серија на документи, Викиликс објави илјадници документи на ЦИА, во кои се опишувааат во детали начините на шпионирање на странски лидери. Таканаречениот проект „Дарк Метер“ (Црна материја) е многу пофокусиран, но содржан само во 12 документи.

Овие документи ги обелоденуваат програмите „Соник Скрудрајвер“ (Соничен шрафцигер), „механизам за имплементирање на код во приклучни парчиња хардвер“, додека компјутерот стартува, што би им овозможило на напаѓачите од ЦИА да го лансираат хакерскиот софтвер преку УСБ портовите дури и кога постои лозинка на самиот хардверски дел. „Соник Скрудрајвер“ е вирус вметнат во хардверот на Епл, поточно во адаптерите „тандерболт-Етернет“.

Освен ова, „ДаркСиСкајс“ (Црно море и небо) е имплант содржан од „ДаркМатер“, „СиПи“ и „НајтСкајс“ – кои се однесуваат на EFI, kernel-space и имланти „надворешни уреди“ на корисници.

Исто така, вклучено во овие документи е и прирачникот на ЦИА за проектот „НајтСкајс 1.2“ – програма „факел/лоадер/имплант“ за Ајфон, кој им дозволува на напаѓачите да ги превземат контакт листите и контакт логовите на прислушкуваниот корисник, но и да извршуваат одредени задачи на телефонот. Овој проект веќе бил припремен физички да биде имплементиран во секој нов Ајфон.

„Сите би требало да бидат загрижени за ова. Ние треба да превземеме многу поголема одговорност за нашата лична безбедност и да разбереме дека нашата употреба на технологијата може да биде злоупотребена од разузнувачките агенции. Ова не е како кога се прислушкуваат деловни состаноци, тука се работи за лични реперкусии. Треба да бидеме претпазливи и во поголем контакт со сервисите за сајбер безбедност на дневна основа“.

Претходно «
Следно »