СЈО ТРОШИ МИЛИОНИ ЕВРА: Молкот на СЈО за платите отвора сомнежи (ВИДЕО)

Поврзано

ГО ДРЖИ ЦРНИОТ РЕКОРД: Македонија на врвот во регионот во последната недела

Нов пик на новозаразени од коронавирус во Македонија. Регистирани се и најмногу починaти лица во еден ден, а во...

(Фото) ПО СТАПКИТЕ НА ШЕКЕРИНСКА: И градоначалникот на Бутел се фотографирал под знакот на УЧК

Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски очигледно практикува да ги следи постапките на неговите претпоставени, па изгледна тргнал по...

ДР ХАСАН ОД ГОБ 8 СЕПТЕМВРИ: Дел од граѓаните не веруваат дека постои вирусот и тоа е најзaгрижувачкиот фактор

Доктор Танер Хасан од ГОБ 8 септември во отвореното студио на 24 анализа изрази зaгриженост заради растечката бројка на...

На прашање поставено на 21 септември годинава за висината на платите на Јанева и на другите нејзини соработници, како и за имињата на лицата што се ангажирани од страна на СЈО, одговорот што бил доставен до новинарот бил негативен

Фото: Телеграф.мк/Тоше Огњанов

Не сакам да кажам, е одговорот со кој минатата недела се „прослави“ специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која не сакаше да одговори на новинарско прашање и да каже пред македонската јавност колкава е нејзината плата. Таа во гостувањето на емисијата „Топ тема“ на телевизијата „Телма“ рече дека нема намера да одговара колкава плата зема оти, како што истакна: „Има податоци преку слободен пристап за информации, јас не сум таа што треба да одговара на тие прашања, не, не сакам да кажам“.

Сепак, во реалноста се покажува дека таа информација не е достапна ниту преку Законот за пристап до информации од јавен карактер. Порталот „Прес 24“ објави дека новинарот на ТВ „Сител“ во неколку наврати поставувал прашање, повикувајќи се на тој Закон, и постојано бил одбиван.

Така, на прашање поставено на 21 септември годинава за висината на платите на Јанева и на другите нејзини соработници, како и за имињата на лицата што се ангажирани од страна на СЈО, одговорот што бил доставен до новинарот бил негативен. Од специјалното јавно обвинителство истакнале дека информацијата што ја барал новинарот не е од јавен карактер. Одговорот стигнал на 21 овој месец.

Прашање до СЈО за плати

Овој начин на одговарање од страна на СЈО отвора голем број сомнежи во јавноста за начинот на кои се трошат парите што оваа обвинителска институција ги доби од државата, а кои се со вкупна висина од четири милиони евра на годишно ниво.

Причината за сомневања е уште поголема ако се земе предвид и признанието на Јанева дека таму постои непотизам, односно дека си го вработила внукот од сестра.

Прашање до СЈО за плати

– Каков непотизам е тоа што некои помошни работи врши, а јас сум јавен обвинител. Да, го вработив мојот внук да работи како економски приправник – гордо потврди Јанева во интервјуто на „Телма“.

Дополнително долевање во морето сомнежи за начинот на финансиско работење на СЈО е и тоа што Јанева за време на давањето отчет пред пратениците во македонското Собрание беше категорична дека нема да им покаже детален финансиски извештај.

 

 

 

Превземено од Телеграф мк.

 

Актуелно

НАЈKPИТИЧНО ВО ЧАИР: Состојба по населби во Скопје

Од вкупно 89 новозaболeни од Ковид-19 на целата територија на Македонија, 35 се од подрачјето на град Скопје. Распоредено по...

(Видео) БОКИ 13 И СЕ ЗАКАНИ НА СУДИЈКАТА, ЗАЕВ Е КРЕАТОРОТ НА СЦЕНАРИОТО ЗА РУШЕЊЕ НА СЈО: Ако добие драконска казна има уште едно...

Скандалозни заврши зборови, вака наједноставно може да се објасни ситуацијата која денес ја затекнаа новинарите во судницата на едно од последните рочишта за случајот...

ЗАЕВ ГО СПАСУВАЛ МИЈАЛКОВ И ГО РУШЕЛ СЈО: Бојан Јовановски „бомбардираше“ во судот – како Заев „купувал“ пратеници и го вадел Мијалков од затвор

Средбата која што се случила помеѓу Зоран Заев и Јордан Камчев се случила на 02.април, а Камчев го снимал и Зоран Заев,  а за...

ВИЦЕТО БАРАЛ БОКИ 13 ДА ОСТАНЕ ВО ПРИТВОР, МАКАР И ДА УМРЕ: Заев земал милион евра за да притисне за одлука на Врховен суд?!

Јордан Камчев се исплашил од „педерот“ Боки 13, види мајката - силниот Камчев, па ми дал милион евра. Тој можеби дал, дал милион евра, можеби...

ВИДЕЛА, НЕ ВИДЕЛА, ЗАЕВ БИЛ, КАМЧЕВ БИЛ: Боки 13 ја направи Русковска пуздер во завршните зборови

Вилма Русковска се шетала како „Мечка Божана“ од медиум на медиум откако го уапсила Боки 13. Јовановски објаснуваше и едно нејзино гостување на „Канал...

Повеќе вести