ЕВЕ КОЈ МОЖЕ ДА ГО УНИШТИ ТРАМП: Единствената личност што ќе го уништи Трамп е жена

  • August 16, 2018

Опишана е како единствената личност што може да го уништи Трамп затоа што има збирка тајни снимки.

Омароса Манигаулт-Њуман, која била отпуштена од администрацијата на Трамп во декември, е вистински кошмар за претседателот поради својата експлозивна турнеја со која ја претставува нејзината книга.

Омароса објави дел од разговорите што наводно ги водела со Доналд Трамп, по еден ден откако шефот на кабинетот на Белата куќа, Џон Кели, ја отпуштил. Таа веќе била во центарот на вниманието поради објавување снимки од тој разговор. Белата куќа стравува дека таа има уште снимки што може да му предизвикаат огромна штета на претседателот.

Американските медиуми велат дека таа ги искористила снимките за да обезбеди објавување на нејзината најнова книга „Unhinged: An Insider Account Of The Trump White House“.


Сега таа е подготвена да ги искористи своето знаење и тајните снимки за да ѝ се одмазди на администрацијата.

Бела куќа во која секој лаже?

Драмата започнала кога Омароса објавила снимка од нејзиниот разговор во Белата куќа со шефот на кабинетот, Џон Кели, кој ѝ рекол дека мора да си замине поради сериозни проблеми со интегритетот.

Во снимката се слуша дека тој вели дека ако ова биде пријателско заминување, ќе може да продолжи без никакви тешкотии во иднина поврзани со нејзината репутација – коментар што таа го толкувала како закана.

Затоа, таа објави нова снимка од разговорот што го имала со Доналд Трамп еден ден подоцна, во кој тој тврди дека не знаел дека била отпуштена.

– Омароса, што се случува, само што видов на вестите дека размислуваш да си одиш, што се случи? – прашува американскиот претседател на снимките.

– Генералот Кели дојде и ми рече дека сакате да си одам – му одговара таа.

– Не, мене никој ништо не ми кажа за тоа. Знаеш дека водат голема операција, но не знаев за тоа, не знаев за тоа. По ѓаволите – вели Трамп на снимката.

Но Омароса вели дека Трамп знаел за отпуштањето и всушност тој наредил таа да биде отпуштена.

Портпаролот на Белата куќа, Хоган Гидлеј, изјави: – Нема да навлегувам во тоа кој знаел и што знаел, но претседателот ги донесува сите одлуки.

Трамп одговори на снимките со напаѓање на Омароса на „Твитер“, тврдејќи дека сите ја мразеле во Белата куќа и дека таа е злобна, но не и паметна. Тој додаде дека Кели сакал да ја отпушти бидејќи била „губитник“ и предизвикувала неволја, но Трамп побарал од Кели да не ја отпушти бидејќи таа кажувала само добри работи за него.

Таа тврди дека како и на другиот персонал од Белата куќа, ѝ била понудена работа со плата од 15.000 долари за кампањата на Трамп во 2020 година, откако била отпуштена од Белата куќа, само за да молчи. Но таа одбила.
– Самата идеја дека член од персоналот успеал со себе да внесе уред за снимање во Белата куќа покажува бесрамно непочитување кон нашата национална безбедност. И потоа истата личност да се фали на национална телевизија,тоа го докажува недостигот на интегритет на оваа незадоволна поранешна вработена во Белата куќа – вели Сара Хакабе Сандерс, прес-секретарка.

Адвокатот на Трамп, Руди Џиулијани, вели дека таа ги прекршила регулациите на националната безбедност. Но Омароса изјави дека морала да се заштити себеси бидејќи ова е Бела куќа каде што секој лаже.

– Мислам дека е тажно со сите работи што се случуваат во земјата тој да пронајде време за да ме навредува и да ми ја навредува интелигенцијата. Ова е неговата шема со Афроамериканците.
Многу корумпирани работи се случуваат во Белата куќа и јас сите ќе ги обелоденам – изјави таа.

Во книгата Омароса го опишува Трамп како расист, фанатик и мизогинист.

Најопасните обвинувања го вклучуваат тврдењето дека Трамп на снимките го користи зборот „Nigga“ (црнчуга) и други расистички термини.

– Кога зборува така, како што зборува на снимката, тоа потврдува дека е вистински расист – вели Омароса.
На прашањето зошто не ја слушнала снимката пред да ја напише книгата, таа изјави дека нејзиниот сопственик се плашел од силите што би го спречиле излегувањето на снимката.

Во книгата Омароса вели дека Трамп го мразел Обама затоа што бил црнец, а го слушнала и како употребува расистички зборови против сопругот на советничката на Белата куќа, Келијан Конвеј, кој е половина Филипинец.

Сопругот на Келијан Конвеј, Џорџ Конвеј, изјави дека наводите биле апсурдни.

Книгата на Омароса вклучува и серии на други обвинувања за дивото однесување на Трамп. Таа тврди дека претседателот постојано си повторувал сам на себе, зборувајќи глупости и често вознемирувајќи се и беснеејќи. Таа вели дека неговата сопруга Меланија едвај чека да ја напушти функцијата за да може да се разведе од него.

Таа се сеќава на една пригода за време на кампањата кога била на состанок со Трамп, а неговата ќерка влегла.

– Иванка влезе во собата облечена во тесно здолниште. Целиот состанок мораше да биде запрен за Трамп да зборува за нејзиното тело – раскажува Омароса.

Тој велел: – Изгледаш одлично! Ми се допаѓа начинот на кој ти стои здолништето. Нели Иванка изгледа одлично?

Дали Омароса може да го симне претседателот од функцијата?

Омароса има проблеми со репутацијата што ги прави нејзините наводи покомплексни.

По учеството во три сезони од „Ученикот“, таа му стана десна рака на Трамп и еден од неговите најпознати поддржувачи во кампањата. Но, како што вели Омароса, таа останала да работи во кампањата поради лојалноста кон него, а и да му помогне да се справи со неговиот проблем со жените.

Персоналот во Белата куќа вели дека сите се плашеле од неа, а од неа биле исплашени и некои од најмоќните луѓе во Америка.

Некои веруваат дека причината поради која таа претставува вистинска закана е тоа што е толку слична на Трамп.

– Таа е иста како Трамп. Ги знае медиумите, знае за физичкото присуство исто како што знае Трамп, затоа мислам дека тој е толку потресен – вели постар официјален претставник на администрацијата.

Претходно «
Следно »