January 19, 2021, 9:07 am

ЕВН ПАДНА НА СУД ПОРАДИ ИЗМИСЛЕНИ ДОЛГОВИ: Семејство од Штип го доби ЕВН на суд, еве како да се заштитите и вие!

Поврзано

Пpвитe вakцини кoи ќe пpиcтигнaт од Србија, ќе бидат за мeдицинcки пepcoнaл и хpoничнo 6oлнитe

Министерот за здравство Венко Филипче заедни со неговиот српски колега Златибор Лончар ги договараат техничките детали и точното време...

Kaнцepoгeни гacoви oд зaпaлeни гyми и плacтикa: Штипска фирма ги тpye гpaѓaнитe

Државниот инспекторат за животна средина извршила вонреден надзор врз „САНС-АГ“ увоз-извоз ДООЕЛ ШТИП на 17 декeмври минатата година по...

И жените ќе се пензионираат на 64 години

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во готувањето на ТВ 24 истакна дека во собраниска процедура во...
- Advertisement -

ЕВН падна на суд. Семејство од Штип е прво во државата кое од влезот на Австријците во бизнисот со дистрибуција на струја во Македонија , добило судски спорт, против компанијата:

evn
– Станува збор за наводен долг кој ЕВН со години си го сукцесивно допишувала, можеби со првичен основ, но на тој основ надавале други неосновани дологви, така што сумата од 2002 година наваму достигнала износ од 162 илјади денари. Тоа е нешто невидено, може само да се должи на манипулистичкиот систем кој со децении наназад го гради ЕВН, изјави Емил Недков, адвокат.
Судскиот спор се води од мај 2015 година, а до денес семсјтвото и адвокатот минале низ многу бирократски бариери. Истите според нив имаат за цел, максимално да ја искомплицираат постапката и да ги обесхрабрат оштетените да поведат судски спор против компанијата.
Колку за илустрација, наместо во Штип, целиот спор се водел во Скопските судови, а за само еден одговор, се чекало и по пет месеци:
– Точно дека централата им е во Скопје, но корисничкиот центар 1 им е во Штип, борилото кое е предмет на судска псотапка е во Штип, инкасаторот е во Штип, сведоците се во Штип, вештачењата се во Штип, вештите лица. Овој предмет требаше да се води во Основен Суд Штип, зошто го испратија во Скопје, не навлегувам, изјави Емил Недков, адвокат.
Сметките за струја, досега биле причина за бројни незадоволства кај корисниците, но малкумина од нив се одлучувале за судска разрешница:
– Ги охрабрувам граѓаните во иднина да не се плашат и да почнат своите права да ги остваруваат по оваа судска постапка, мислам дека доста беше таа практика неосновано да се натпишуваат сметките на граѓаните, изјави Емил Недков, адвокат.
Инаку, според Законот за облигациони односи, секој долг за јавна давачка застарува за период од една година. По истекот на овој рок, никој нема право да им бара пари на граѓаните за наплата на сметка.
Секако, ова важи само доколку за долгот корисникот претходно не е тужен.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

(Видео) Пocлeднa пopaкa oд Пpвaтa дaмa нa САД: “Ми бeшe чecт дa и cлyжaм нa Америка и Американците”

Првата дама на САД, Меланија Трамп, која утре ќе ја напушти Белата куќа заедно со сопругот Доналд Трамп, кога...

More Articles Like This