December 4, 2021, 6:10 pm

Еврокомесарот Вархеји против одвојување на Македонија и Албанија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, изјави дека работи до декември да се одржи првата Меѓувладина конференција со Македонија заедно со Албанија, јави дописничката на МИА од Брисел.
Запрашан од бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев, дали прифаќа одвојување на Македонија и Албанија за почетокот на преговорите за членство, еврокомесарот одговори негативно.
-Мислам дека е јасно дека двете земји ги исполнија условите и сакаме договор за двете земји, тоа е ставот на повеќе од мнозинството земји членки на ЕУ, во овој момент можеме и треба да ги разгледуваме заедно, изјави еврокомесарот Вархеји.
Вархеји пред неколку месеци ја спомена можноста Албанија само да добие зелено светло за првата Меѓувладина конференција, овој предлог беше експресно отфрлен од земјите членки на ЕУ.
Еврокомесарот додаде дека целта е зеленото светло за Скопје и Тирана да се добие до декември најдоцна, но потсети дека одлуката им припаѓа на земјите-членки на ЕУ.

– Не сум тој што гласа за ова, јас сум тој што се обидува да ги убеди да гласаат за ова, толку можам да споделам со вас, но ќе продолжам да се ангажирам, како што знае и европратеникот Андреј Ковачев, кој беше еден вид таен помошник во унапредувањето на работите, не сакам да дадам детали но работиме, изјави Вархеји.
Неколку минути пред оваа изјава бугарскиот европратеник Ковачев ги повика европратениците да не говорат за спорот меѓу Македонија и Бугарија како билатерален спор.
– Ова е спор за човекови права, Бугарите во Македонија се плашат да кажат кои се, ова не е луда националистичка тема туку тема за основни човекови права како што стои во резолуциите на Европскиот парламент во последните десет години, оцени Ковачев.
Вархеји не ја коментираше оваа изјава

Latest News

(Видео) Hемири во Виена: Над 10 000 демонстpaнти се cyдрија со полицијата која со кучиња ја рacтеруваше толпата

Во центарот на Виена се одржуваат бројни протести на противниците на мерките за корона и задолжителната вакцинација, поради што...

More Articles Like This