December 3, 2020, 11:43 am

ЕВРОПА ГИ ВРАЌА PECTPИКЦИИТЕ – Се затвopaат ресторани, училишта, се вpaќа полициckи чac

Поврзано

Германски eкcпepти: Bakцинaциjaтa мoжe дa пoтpae нeкoe вpeмe

Експертите од германскиот државен епидемиолошки институт „Роберт Кох“ предупредија на прекумерна еуфорија поради вакцината за коронавирус, наведувајќи дека поради...

Eвe кoи cимптoми мoжe дa ce jaвaт пo пpимaњe нa руската вakцинa „Sputnik V”

Во повеќето случаи вакцинирањето добро се поднесува, а ако се јави физичка слабост, нема причина за грижа, тоа е...

Пoжap вo бoлницa вo Москва: Нajмaлкy двe лицa зaгинaa, пoвeќe oд 20 ce eвaкyиpaни

Најмалку две лица загинаа, а повеќе од 20 се евакуирани поради пожар во болница во центарот на Москва, соопшти...
- Advertisement -

Европските земји сè повеќе ги менуваат рестриктивните мерки за да спречат понатамошно ширење на коронавирусот.

Училиштата и угостителските објекти се затвораат, се воведува полициски час и делумно „заклучување“.

Франција воведе вонредна состојба

Претседателот на Франција, Емануел Макрон и се обрати на јавноста по повод воведувањето на вонредната состојба. Тој рече дека секој што ќе ги прекрши воведените мерки ќе биде пронајден. Тој посочи дека повеќе нема излегувања во ресторани и собири на пријатели. Јавниот превоз нема да биде укинат.

Полицискиот час ќе биде во сила од 21 до 6 часот наутро, почнувајќи од сабота. Ќе остане на сила во наредните четири недели, рече Макрон.

Германија со рекорден број на заразени

Во Германија, во последните 24 часа, пријавени се 6.638 новоинфицирани со коронавирус, што е најголема бројка за еден ден од почетокот на пандемијата.

Поради зголемувањето на бројот на луѓе кои страдаат од коронавирус, во Германија се одржа состанок меѓу канцеларката Ангела Меркел и лидерите на провинциите, на кој се разговараше за заострување на мерките за спречување на ширење на вирусот.

Политичарите во Германија размислуваат дали да ги продолжат училишните одмори околу Божиќ и Нова година за да ја спречат заразата, иако критичарите велат дека нема докази дека училиштата се жаришта на вирусот.

Словенија со измени во наставата и задолжително носење на маски

Од понеделник наставата од петто одделение ќе се одржува на далечина. Од петок, ќе се воведат ограничувања на движењето помеѓу црвените статистички региони во Словенија, од кои има седум. Во овие региони, носењето маски ќе биде задолжително насекаде, работата на одредени службени и спортски активности ќе биде ограничена, а собирањето на повеќе од десет лица ќе биде забрането.

Онлајн настава во Чешка, Русија, прекин во Северна Ирска

Чешка, европска земја со најголем број заразени лица по глава на жител, ги премести часовите онлајн и планира да испрати илјадници студенти по медицина на терен. Болниците откажуваат процедури кои не се итни за да се ослободат од креветите.

„Понекогаш сме на работ на плачење“, рече Ленка Крејчова, главната медицинска сестра во болницата „Слани“ во близина на Прага, додека општото одделение на болницата се претвора во одделение за пациенти со коронавирус.

Во Чешка, според последните податоци на Министерството за здравство, во средата повторно падна рекордот на дневно зголемување на бројот на новоинфицирани..

Вчера беа потврдени 9.544 позитивни случаи за еден ден, скоро 1.000 повеќе отколку во петокот, што беше рекорд, а починаа 35 пациенти.

Полска ја забрза обуката за медицински сестри и размислува да отвори полски воени болници.

Часовите исто така ќе се одржуваат онлајн во Москва, а Северна Ирска ќе ги затвори училиштата за 2 недели.

Холандија затворени ресторани

Холандија затвори кафулиња и ресторани, но ги остави училиштата отворени.

Дневниот број на нови инфекции во Европа е во просек 100.000, што е третина од вкупниот глобален раст на бројот на нови случаи.

Latest News

Иванка Тpaмп сослушувана поради зл оупотреба на средства

Ќерката и советничка на претседателот на САД, Донал Трамп, Иванка, била сослушана под заклетва во рамките на граѓанска парница,...

Eвe кoj e нajчecтиoт извop нa инфekциjaтa co кopoнaвиpycoт

Заразените членови на семејството се најчестиот извор на инфекција со коронавирус, велат научниците, кои ги објавија информации за нивната студија во списанието „Сајанс“. Кинески експерти...

He ce пpидpжyвaл cпopeд мepкитe: Пpивeдeн coпcтвeник нa yгocтитeлcки oбjeкт oд тeтoвcкo

На 02.12.2020 околу 22.00 часот, во тетовска Мала Речица, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 39-годишниот З.А. од истото село, сопственик...

Пановски: Ако новогодишните празници се минат без зapaзи, тогаш колективниот имунитет ќе се стекне и порано

Имунитетот на децата кои сега следат настава од дома е „заспан“, догодина, кога ќе тргнат во градинка и на училиште ќе имаат проблем, нагласи...

Вирусот Ковид-19 присутен во САД пред да биде откриен првиот случај во Вухан

Според најновите истражувања, вирусот Ковид-19 бил присутен во САД пред да се појават првите случаи во Вухан, Кина, кој досега се сметаше за извор...

More Articles Like This