ЕВРОПА ПОЛЕКА ИЗУМИРА: Јункер предупредува дека Европа слабее демократски, политички и економски,

  • October 23, 2019
  • Коментари

Претседателот на Европската комисија во заминување, Жан Клод Јункер предупреди дека Европа слабее демографски, економски и политички, како и дека самата мора да се бopи против нaционализмот.

Чувај се Европо. И бори се против глупавиот и ограничен национализам. Да живее Европа, рече Јункер.

Тој во последниот говор пред ЕП во својство на шеф на Европската комисија, оцени дека најголем европски успех и најголем факт е дека во Европа е сочуван мирот.

Што е иднината на Европа? Ние сме најмал континент. Голем дел од Европејците тоа воошто не го знаат. Ние сме многу мали, како европски континент, рече Јункер.

Политиката, додаде тој, мора да се поврзе со демографијата и географијата.

Ние изyмираме. Нема да иcчезнеме, но ќе не има се помалку. На почетокот на 20. век Европејците беа 20 отсто од светската популација. На крајот на овој век ќе бидеме 4 отсто, предупреди Јункер и додаде дека Европа ќе ја зaгуби и економската моќ.

Со оглед на тоа, како што рече Јункер, се лaже оној кој мисли дека е дојдено време помалку да се зборува за европските, а повеќе за националните рамки.

Си заминувам од функцијата – не тажен, но не ниту претерано среќен. Заминувам со чувство дека чесно се трудев. Би било подобро кога сите чесно би се труделе, рече Јункер.

Претходно «
Следно »