ЕВРОПА „РАЗОЧАРАНА“: Македонија разочарува – корупцијата е на екстремно високо ниво!

  • August 12, 2018

Напредокот на Македонија за спречување на корупцијата е „очигледно разочарувачки”, изјави антикорупциската група на Советот на Европа во четвртокот, повикувајќи ги властите да преземат акција.

Во најновиот извештај за усогласеност на ГРЕКО се истакнува дека Македонија “не направила значителен напредок” во спроведувањето на препораките издадени пред четири години за спречување на корупција меѓу членовите на парламентот, судиите и обвинителите.

ГРЕКО наведува дека само шест од 19 препораки во однос на борбата против корупцијата се спроведени на задоволително ниво, а во однос на пратениците во парламентот ниту едно од препорачаните подобрувања не е спроведено дури ниту делумно. Сепак, во извештајот се вели дека земјата има постигнато одреден ограничен напредок во однос на судиите и обвинителите.

ГРЕКО истакна дека се формирани нови советодавни и надзорни тела за судиите и обвинителите со цел да се поддржи спроведувањето на соодветните правила на однесување во секојдневната пракса, но овие подобрувања ќе треба повторно да се преиспитуваат кога ќе има поконкретни информации за тоа.

Во извештајот се заклучува дека сегашното многу ниско ниво на усогласеност со препораките е „генерално незадоволително” за Македонија.

Конзервативната ВМРО-ДПМНЕ, главна опозициска партија во Македонијам во петокот остро ја критикуваше левичарската влада како одговор на извештајот. Партијата рече дека премиерот Зоран Заев треба да знае дека земјата „нема да влезе во НАТО и во ЕУ”, доколку не се справи со криминалот и корупцијата.

Откако Македонија потпиша договор со Грција за решавање на деценискиот спор за името на Македонија, Европската унија посочи дека Скопје може да го започне процесот на пристапување, но ги повика властите да постигнат резултати во реформите, особено во борбата против корупцијата.

Претходно «
Следно »