ЕВРОПА СЕ ПРАШУВА: Како убиецот од Берлин непречено стаса до Милано?

  • December 23, 2016

Откако во Милано е убиени тунижанецот Анис Амри, најбараниот човек во Европа, одговорен за нападот во Берлин, цела Европа гласно се прашува како тој успеал да помине повеќе од 1.600 километри и покрај засилените безбедносни мерки, да стигне од Германија, низ Белгија во Италија.

A still image taken from a short 'selfie' video clip from a social media website purportedly shows Anis Amri, the Tunisian suspect of the Berlin Christmas market attack, at an unknown location. Social Media/via Reuters TVATTENTION EDITORS - THIS PICTURE WAS TAKEN FROM USER GENERATED CONTENT THAT WAS UPLOADED TO A SOCIAL MEDIA WEBSITE. IT HAS BEEN CHECKED BY REUTERS' SOCIAL MEDIA TEAM AND REVIEWED BY A SENIOR EDITOR. REUTERS IS CONFIDENT THE EVENTS PORTRAYED ARE GENUINE. PICTURE HAS BEEN ROTATED 90 DEGREES TO THE LEFT. EDITORIAL USE ONLY. NO RESALES. NO ARCHIVE.     TPX IMAGES OF THE DAY

И покрај тоа што полициските и разузнавачките служби на европски земји кои го бараа Амри низ цела Европа, откако со камион влета среде Божиќниот саем во Берлин при што загинаа 12, а беа повредени 50 лица во понеделникот, тој со очигледна леснотија ги мина границите три европски земји, пишува Дејли телеграф.

berlin

И германскиот Билд објави мапа на движењето на Амри.

Неговата смрт во северна Италија, 1.600 километри  од местото на злосторството, повторно отвори незгодни прашања за тоа како лесно терористите можат да го користат европскиот систем на отворени граници на Шенген зоната, заклучува британскиот весник.

screenshotСпоред полицијата, Амри со брзиот воз пристигнува од Шамбери во Франција до Торино, Италија од каде што во Милано пристигнува еден час по полноќ.

И сето тоа додека неговите фотографии и снимки од безбедносни камери се емитувани и објавени во сите европски телевизии и весници.

Претходно «
Следно »