ЕВРОПСКАТА НАРОДНА ПАРТИЈА СЕ ДИСТАНЦИPА ОД ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Сега е време за секоја од владите да одлучи за спорот за името и да ги земе предвид загриженоста на народот

  • February 8, 2019

Шефот на Европската Народна Партија во Европскиот Парламент и кандидат за претседател на Европската Комисија, Манфред Вебер, се огласи прв пат по усвојувањето на Преспанскиот договор во писмена реакција за Македонската информативна агенција, јави дописничката на МИА од Брисел.

На прашањето на МИА дали го поддржува Преспанскиот договор, Манфред Вебер, вели дека „ЕПП секогаш поддржувала иницијативи кои носат стабилност и помирување во Европа“.

– За Западниот Балкан, ова за нас значи дека сме долго време постојано посветени кон европска перспектива за Западниот Балкан, сега е време за секоја од владите да одлучи за спорот за името и да ги земе предвид загриженоста на народот и одговорностите во Европа – напиша шефот на ЕПП во ЕП во реакција за МИА.

МИА не доби одговор од кандидатот за претседател на ЕК на второто прашање, што точно значи „владите да одлучат за спорот за името“, со оглед на тоа дека Преспанскиот договор е веќе усвоен од двете страни.

Манфред Вебер и ЕПП како најголема политичка партија беа силно критикувани во Брисел поради отсуството на јавна поддршка за Преспанскиот договор и процесот на решавање на спорот за името и покрај тоа што потпретседател на партијата е Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување и еден од најсилните поддржувачи на договорот.

Од двете страни на границата сестринските партии вп ЕПП, ВМРО-ДПМНЕ и Нова Демократија, се противат на оваа спогодба.

Претходно «
Следно »