ЕВРОПСКАТА УНИЈА Е СТРАТЕШКА ЦЕЛ: Премиерот Димитриев се обрати на Конгресот на ЕПП во Малта!

  • March 29, 2017

Конгресот во Малта го отвори претседателот на Европската Народна Партија Жозеф Дол, а говореше и генералниот секретар на ЕПП Истурих. Тие во своите обраќања се осврнаа од важноста за продолжување на иницијативноста на Европската Унија и јакнење на нејзините капацитети.

emil-1-640x352

-Европската унија се соочува со најголемите предизвици, но и волјата за нивно надминување никогаш не била поголема. Тука е Брегзитот, мигрантската криза, радикалниот исламизам.  Европската Унија ќе продолжи со својот активизам, изјави Дол во својот говор пред присутните.

емил-2

Во отворената сесија на обраќања на шефови на влади и држави се обрати и премиерот на Република Македонија Емил Димитриев. Тој во своето обраќање се осврна на важноста на европските интеграции како стратешки интерес на Република Македонија, но и улогата на државата во справување на мигрантската криза.

емил-3

– Во однос на мигрантската криза ние докажавме дека имаме  капацитет и споделуваме европски вредности потврдувајќи ја својата подготвеност  да се биде дел од решението на еден исклучително комплексен проблем. Со  ефективна и ефикасна реакција, со успешно менаџирање со границите и  исклучително хуман пристап, демонстриравме активна и проактивна улога директно  помагајќи на нашите пријатели од ЕУ во справувањето со овој голем хуманитарен,  социјален и безбедносен предизвик, за кој и во следниот период е потребна координирана  акција. Ризиците се реални и опасноста не е помината, изјави Димитриев.

емил-4

Премиерот Емил Димитриев посочи дека Македонија  докажа дека е лојален партнер на кој може да се потпре Унијата и кога Македонија може да  биде еден од столбовите и на браникот на европските интереси, подеднакво важно е да биде и дел од  стратешките планови и дел и од семејството на Европската Унија.

-Со ова уште повеќе се  покажува потребата и значајноста за членство на Република Македонија во Европската Унија што е наша стратешка цел како држава, нешто што е од интерес и на нашата земја но и на европското и евроатланстко семејство, нешто што ќе  гарантира безбедност на регионот но и сигурно трасирање на економски и  политички сестран развој, изјави Емил Димитриев.

емил-5

Димитриев посочи дека потребна е одрржлива надеж и извесност на европските интеграции на државите од Западен Балкан.

– Европската Унија е заедница на вредности и принципи. Затоа на државите им е  потребна визија, но и извесност. Потребни се конкретни чекори и дејствување за  целосно остварување на европскиот сон, на кој поднеднакво право има секоја  држава во Европа.  Членството  во ЕУ останува основен приоритет кон кој се стремиме, изјави Димитриев.

емил-6

Премиерот Димитриев подвлече дека единствената ориентација на Република Македонија  останува членството во ЕУ и НАТО.

– Во време на премрежија,  ние сепак  продолжуваме со исполнетите обврски на кој гледаме како патоказ  за натамошно подигнување  на степенот на исполнување на критериумите за членство и унапредување на  квалитетот на живеење на нашите граѓани.Република Македонија е за политика базирана на  принципи. Граѓаните се тие кои мора да го имаат главниот и последниот збор, изјави премиерот Димитриев.

емил-7

Тој посочи дека Република Македонија како и досега ќе продолжи проактивно да вложува во унапредување на односите и во градење на мостови на соработка во регионот како и дека приоритет се добрите соседски односи.

-Добриот однос во соседството ќе биде наша заедничка придобивка. Очекуваме  возвратно коректност и почитување на правните рамки и принципи од сите наши  партнери, изјави Димитриев

Претходно «
Следно »