ЕВРОПСКА ДЕМОКРАТИЈА:Новинар уапсен додека емитуваше во живо од протестот во Брисел

  • November 30, 2018

Францускиот новинар Реми Бисон додека се јавуваше во живо од протестот на „жолтите елеци“ во Брисел беше приведен од полицијата.

Емитувањто во живо на интернет беше прекинато откако новинарот беше вле чен околу една минута, иако се легитимираше со прес-карта, како и со лична карта. Пред новинарот да биде приведен тој успеа да покаже како група од сто демонстранти се опколени од белгиската полиција во центарот на Брисел.

Белгиската полиција денеска се судри со стотици демонстранти облечени во жолти елеци, кои го блокираа центарот на Брисел, протестирајќи поради високите даноци и трошоци за живот.

Како што јавија белгиските медиуми, до инц идентот дошло кога дел од учесниците на протестот почнале да фрл аат со кам ења и пета рди кон полицајците, што го обебзедуваале собирот. На агре сивното однесување на дел од демон странтите, полицијата одговорила со водени топови и солзавец.

Според полициски извори, досега се приведени околу 60 демонстранти, поради „носење забранети предмети“.

Протестите почнаа мирно кога демонстрантите се собраа во близина на седиштето на Владата и Парламентот на Белгија, по што го блокираа го сообраќајот на неколку улици во центарот на Брисел.

Жолтите елеци станаа симбол на незадоволството од високите даноци, откако почнаа да ги носат учесниците на протестите во Франција.

Претсавник на брислеската полицијата соопшти дека белгискиот премиер Шарл Мишел најавил дека е подготвен да разговара со претставници на демонстрантите, но подоцна Владата го негираше тоа.

Покрај во Брисел, протест на „жолтите елеци“ се одржа и во близина на Шарлоа, кој се наоѓа 60 километри јужно од белгискиот главен град.

Претходно «
Следно »