October 18, 2021, 5:37 pm

Европска Комисија предлага: Обезбедете ваучери за најсиромашните домаќинства, дозволете доцнење за наплата на фактурите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската Комисија (ЕК) денеска презентираше неколку алатки со кои земјите-членки можат да го ублажат ценовниот шок на енергенсите за најранливите категории на граѓани. Предлозите во форма на комуникација не претставуваат структурен одговор, но ЕК ветува дека ќе ги преземе сите мерки што ги има на располагање за да се осигури дека енергетскиот пазар не се манипулира од економските чинители.

Што се однесува до конкретните мерки што земјите-членки можат да ги преземат за да го ублажат ценовниот шок без да ги нарушат ЕУ правилата на краток рок, е можноста да обезбедат ваучери за најсиромашните домаќинства, да дозволат доцнење во исплата на фактурите, да обезбедат привремени намалувања на цените или пак да дадат државна помош за компаниите, но во согласност со правилата на ЕУ за државна помош.

Еврокомесарката за енергија, Кадри Симсон изјави дека секоја земја се соочува со специфичен енергетски микс и специфична социјална слика и дека ЕК не може да наметне едно решение за сите.

На долг рок, ЕК сака да воведе структурни мерки за да не се повторуваат ценовни шокови на енергенсите како овој, рече еврокомесарката, меѓу другото преку зголемување на уделот на обновливите извори на енергија во енергетскиот микс.

– Како што излегуваме од пандемијата и нашите економии заздравуваат, важно е да се заштитат најранливите потрошувачи и да се поддржат европските компании. Комисијата им помага на земјите-членки да преземат непосредни мерки за да ги намалат последиците врз домаќинствата и бизнисите оваа зима. Истовремено идентификувавме и мерки на среден рок за да обезбедиме поотпорен и пофлексибилен енергетски систем, рече Симсон.

Еврокомесарката за енергија додаде дека ситуацијата е вонредна и дека енергетскиот пазар на ЕУ е функционален, но дека за да продолжи да биде, ЕУ треба да го реализира „Зелениот пакт“ и со тоа да ја зајакне својата енергетска независност.

Latest News

ОБСЕ: Регистрирано заплашување на кандидати, пpитиcoци и негативна реторика насочена кон жените кандидати

Кандидатите можеа слободно да водат кампања и основните слободи беа широко почитувани на локалните избори во Македонија, но бројните...

More Articles Like This