ЕВРОПСКИ ШAMAP ЗА ЗАЕВ, НО И ЗА МАКЕДОНИЈА ДО БРИСЕЛ: Се воведуваат квоти за извоз на челик од Македонија!

  • December 23, 2018

ЕУ воведува квоти за извоз на македонскиот челик и алуминиум во траење од три години. Ова претставува голема економска шлаканица за македонската влада од Европската комисија, и покрај тоа што премиерот Заев од претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер побара изземање на македонските компании пред две недели.

Европската комисија во петокот попладне упатила нота до Македонија со која се известува за воведување на заштитни мерки за извоз на овие производи, чие надминување ќе ги чини компаниите 25% царина. Досега овие производи беа извезувани без царина. Ова денеска на брифинг го соопшти вицепремиерот за евроинтеграции, кој додаде дека се прават напори од страна на владата оваа мерка да не биде воведена за Македонија.

Согласно новата формулација просекот на извоз во 2015/2016/2017 година, плус 5% раст, како заштитини мерки поради тарифите кои САД ги имаат кон ЕУ и сега ЕУ го заштитува својот пазар. Се што ќе биде експорт над тие проценти, над тие тони извоз, ќе биде царинето со 25%. Имаше проценки дека можеби штетата да биде и до 100 милиони евра на годишно ниво, изјави Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.

Претходно «
Следно »