January 17, 2021, 10:30 am

ЕГЗЕКУТОРОТ НА СЛОБОДА:Поранешниот командант во ОВК ослободен од обвинението за воено злосторство

Поврзано

Каракачанов: Македонија е најромантичен и најтpaгичен дел од бугарската историј

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана одново повтори дека темата Македонија била од стратешки интерес во Бугарија. „Бидејќи, како што...

Полицискиот час останува во сила во Албанија, продолжува и онлајн наставата

Националниот комитет на експерти за справување со пандемијата со Ковид-19, по анализата на состојбата во последните две недели, одлучи...

Додиќ: Ќе се откaжеме од 9 јануари кога САД ќе се откажат од 4 јули

Српскиот член и претседател на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, рече дека Република Српска ќе се откаже на 9...
- Advertisement -

Фатмир Лимај, актуелен пратеник во косовското Собрание и поранешен командант во Ослободителната војска на Косово (ОВК), е ослободен од обвиненијата за воено злосторство.

 

По повеќе од 18 месеци од покренуивањето обвинение, Основниот суд во Ѓаковица го ослободи Лимај од обвиненијата, бидејќи „не се докажани елементите на кривично дело“.

Обвинителство пред година и половина го обвини Лимај за воени злосторства, поврзани со убиство на двајца цивили од албанска националност, извршено во октомври 1998 година, во близина на селото Беланица во општина Малишево.

Според обвинението, Лимај како командант на 121-та бригада на ОВК, „не презел разумни и неопходни мерки во согласност со своите надлежности, за да го спречи убиството на Рамиз Хоџа и Селман Биниши“.

Хоџа, од селото Беланица, и Биниши, од селото Бања, во кое што е роден и Лимај, биле киднапирани на 2 октомври 1998 година, во близина на џамијата во Беланица, а потоа егсекутирани околу четири километри подалеку, во близина на селото Кравасари.

Во обвинението беше наведено дека Лимај ги видел телата на жртвите и бил свесен за злосторствата, но дека „намерно не презел мерки за пронаоѓање на сторителите и оти никогаш не го пријавил случајот до надлежните органи, за да може да се спроведе истрага и за да може случајот да биде процесиран“. 

Latest News

Каракачанов: Македонија е најромантичен и најтpaгичен дел од бугарската историј

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана одново повтори дека темата Македонија била од стратешки интерес во Бугарија. „Бидејќи, како што...

More Articles Like This