ЕГИПЌАНЕЦОТ ЗЕМОН БАРА ДА ГЛАСА ПО БАДИНТЕР: Пратеникот кој го навредуваше Стоилов се пожали на Фејсбук

  • February 8, 2019
  • Коментари

Пратеникот Рубин Земон, кој стана познат на јавноста по тоа што го нарече најдобриот македонски ракометар Стојанче Стоилов ментално нестабилен, реагираше откако собраниските служби неговиот глас не го забележале како малцински.

Тој преку писмо побарал од претседателот на Собранието Талат Џафери да го осигураат неговото уставно право и неговото гласање да се евидентира како глас на припадник на немнозинска заедница.

Инаку Земон се декларира за Египќанец.

– Откако станав пратеник имаше на 3 пати гласање по Амандманот Х т.е. според т.н. бадинтерово мнозинство. Моето гласање како припадник на немнозинска заедница, не се евидентира од електронскиот систем. Еднаш побарав од генералниот секретар да ме информира за пречките, но не добив писмен одговор. Денес побарав од претседателот на Собранието и од потпретседателите да осигураат моето уставно право! Се надевам дека случајот ќе се реши во Собранието и дека конечно ќе прекине исклученоста на “другите” заедници во Македонија! – напиша пратеникот на Фејсбук.

 

Претходно «
Следно »