ЕДЕН ВОЗАЧ ЗАДРЖАН ЗА СТРАОТНАТА НЕСРЕЌА:Брачен пар од Скопје загинаа, а нивното седумгодишно дете се бори за живот

  • August 3, 2016
Брачен пар од Скопје загинаа, а нивното седумгодишно дете се бори за живот по тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово на магистралниот пат Удово – Демир Капија.
403417-eden-vozach-e-zadrzhan-za-soobrakjajkata-kaj-udovo

Според полицијата, трагичниот настан се случил околу 7:20 минути кога директно се судрија “фиат сеиченто“ со скопски регистарски таблички, “ауди“ со гермнски регистрации и автобус на “Струмица експрес”. Сопружниците кои со своето дете биле во “фиатот”, од тежината на повредите починале на самото место додека сопатничката во “аудито”, германска државјанка, била тешкоповредена.

За кусо време на местото на незгодата пристигнале две екипи на Итната медицинска помош на местото на несреќата, кои за жал не можеле да сторат ништо за сопружинците Б.П. (41) и Н.П. (32) освен да констатираат смрт. Седумгодишното дете и уште тројца пациенти се префрлени во велешката болница.

– Во болницата се донесени четворица пациенти од кои еден роден 2009 година со животнозагрозувачка комбинирана повреда на градниот кош и на стомакот по кратка реанимациона постапка е транспортиран на клиниката за детска хирургија, а другиот пациент која е мајка на останатите двајца пациенти е со скршен колк и е надвор од животна опасност, додека нејзините деца се без сериозни повреди, изјавија од велешката болница.

Од Обвинителството соопштија дека возачот на “аудито” Д.С. (46) кој е српски државјанин бил задржан на распит а земени се и примероци од крв и урина од тројцата возачи.

– Се работи на утврдување на околностите под кои се случила сообраќајната несреќа. Возачот на аудито, државјанин на Р.Србија, е задржан. Надлежен јавен обвинител веднаш издаде Наредба за обдукција на телата на починатите лица, како и Наредба за технички преглед на автомобилот Ауди и на автобусот. Истовремено, земени се примероци од крв и урина на возачите, кои се ќе анализираат. Дополнително, се вршат разговори со сите инволвирани, со патниците од автобусот, како и со возачи-очевидци на сообраќајната несреќа, информираа од Обвинителството.

Увидот на местото на несреќата траеше со часови, а патот беше блокиран во двата правци што предизвика километарски колони бидејќи станува збор за еден од најфреквентините патни правци во текот на летниот период и честите сообраќајни несреќи екипи на брзата помош.

Претходно «
Следно »