ЕДЕН ПОИНАКОВ ТЕКСТ: Јас ПРОВИНЦИЈАЛКАТА дојдов да крадам во Скопје

Поврзано

МОЖЕВТЕ ПОВЕЌЕ, ПОЧЕСНО И ПОМАКЕДОНСКИ

Во политиката и во животот, храброста и глупавоста не се добродојдени... Политичарот со овие карактерни особини е губитна комбинација....

Обединетите бои на ВМРО-ДПМНЕ – победнички!

Во изборната кампања Парламентарни избори 2020 сведоци сме на остварување на еден многу посакуван идеал на раководството и членството...

Мамата у…- како се менуваше името на еден народ!

Минува и втората година како е променето македонското име, но се чини болката кај македонскиот народ се уште е...
- Advertisement -

Јас „ПРОВИНЦИЈАЛКАТА“ дојдов во најголемата, најмодернизираната провинција СКОПЈЕ. Со точно претходно поставени цели, цели точно скоцкани во главата со намера за одење се по строг редослед и без пропуштање на ниту еден план или детал.

Јас мили мои скопјанки дојдов да „КРАДАМ“. Најпрво кога се симнав од автобус почнав да вдишувам од вашиот „префинет“ воздух, почнав да ги трошам моите провинцијалски пари во вашето Скопје, и во тоа бев подобра од сите вас староседелки Скопјанки со баба од Богданци, Муртино, Кривогаштани… Јас милички не дремев од 12 до 00 часот со чаша вода и еспресо во еден кафич. Во дискотеките си плаќав влезница, не „искачав“ флертувајќи, намигнувајќи на се живо наоколу, пикајќи се во секакви друштва за на крај сметката да биде подмирена и најимпресивно е тоа што ваквите ноќи ги вреднувавте во „тотално незаборавни луди“ … Јас драги скопјанки не паѓав на волшебните реченици може Фб или Инста да се најдеме „Фри стајал“да се забавуваме, имаме ВИП маса и може ли без влезници да средиме некако… За разлика од вашата култура мојата некултура беше поинаква……

Ама јас ПРОВИНЦИЈАЛКАТА дојдов да КРАДАМ! Ви ја украдов работата во време кога сум студентка. За тоа што вие госпоѓици сте толку на крената нога и кренат нос бидејќи било срамота да бидете видени во слаткарница, пекара, да работите во кафичи како келнерки а навечер да се вбројувате во првите„дами“. Да милички вие сте првите дами ама од назад гледајќи и броејќи. Па така вашите родители мораат да живеат на кредити за да ви го обезбедат студирањето, а за личните задоволства сте толку креативи и способни што фраерите ги бирате по нивните автомобили и ги гледате како банкомати, ЈАС, ПРОВИНЦИЈАЛКАТА, ви го украде и презема скопјанчето, И ЗОШТО?! Е баш за тоа што НЕ ме интересираше дали и каков автомобил вози ,колку му е длабок џебот кои му се родители/другари. МИ БЕШЕ МАЛКУ НЕ СЕ ЗАСИТИВ и почнав да КРАДАМ и на културно и интелектуално ниво .Одев по интервјуа за работа независно дали е од областа што ја студирам, собирав искуство, воспоставував контакти, наидов на различни ситуаци и искуства во овој модерен век, се изнаслушав на секакви предлози, наидував на ситуации што само во филм можат да се случат. Анализирав, проучував бев достојна, имав морал, граници, критериуми, го почитував она „провинциалското“, традиционалното, заостанатото од дамнешни времиња каде што се ценеше поговорката „чист образ создава капитал“.

ЈАС ПРОВИНЦИЈАЛКАТА, со диjалектот, со провинцијалските манири, со заостанатата култура ДОЈДОВ точно со целта ЧЕСНО ДА КРАДАМ! А вие ЧИСТИ СКОПЈАНКИ со баби и дедовци од Косел, Кравари, Долно Дупени, Росоман, Оморани, Пеклани, Буково… преземете ги нештата во свои раце, и почнете да гледате во поширок хоризонт, бирајте го потешкиот пат до задоволствата, почнете да ги правите нештата како вистински дами, научете се и вие да се цените а не да ставаат цена на ВАС.

Автор: Александра Трнковска
Трибуна.мк

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Денеска не очекува сончево и топло време, но со ветер

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, преку...

Пoжаpникapи ги вaдeлe пoврeдeнитe лицa – Три возила учествуваа во нecрeќaтa на патот Штип-Радовиш

Тешка сообраќајна несреќа вечерва во 21:30 часот се случи на патот Штип-Радовиш, во која учествувале три возила. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА...

Денеска е Павлов ден – Eве што се верува дека ќе ви се случи ако ве пoлaзи пaјaк

По Претовден, денеска е големиот православен празник Павлов ден кои се празнува на 13 јули. На Петровден именден слават тие што го носат името Павле,...

Петнаесеттина странски медиуми акpeдитиpaни за известување од изборите

Предвремените парламентарни избори во Македонија ќе ги следат новинарски екипи од петнаесеттина странски медиумски куќи. За изборите од терен ќе известуваат 55 странски новинари кои...

Регистрирани 237 пpeкpшoци за неносење зaштитни мacки во текот на изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие (12/13.07.2020 година) на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се...

More Articles Like This