ЕДИНСТВЕНИОТ НАЧИН ЗА КРАЈ НА КРИЗАТА: Со 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ ќе се стави конечен крај на кризата!

  • December 3, 2016
  • Коментари

СДСМ губи по сите анкети, па анкетата на Рејтинг најпрвин ја објавија па ја тргнаа. Пендаровски пак, вчера почна да раскажува дека воделе на сите анкети, а Радмила на друго место вели дека сите анкети се неточни. Јас се согласувам со Радмила, дека тие анкети што покажуваат декa СДСМ води се неточни, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 4, Никола Груевски.

nikola-640x355

СДСМ, додава бара начин како да ја пролонгира кризата.

-Видоа дека ќе изгубат, па сега велат дека разликата ќе биде мала и дека ќе прават голема коалиција. Голема коалиција е само пролонгирање на кризата, а исто така и продолжувањето со работа на СЈО, надвор од законските 18 месеци. Сето тоа е продолжување ена кризата со цел да се остварат туѓи интереси. Бараат начина како кога ќе изгубат да ја пролонгираат кризата. Има само еден начин да се излезе од оваа криза, а тоа е поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за 63 пратеници. Не е прашање дали ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, туку да победи со доволен број на пратеници за да се излезе од кризата, рече Груевски.

Од страв дека цел народ знае што правел во Струмица, продолжува тој, Заев за нас вели дека сме криминалци, а тој е жив криминалец. Нема поголем криминалец од Заев во цела Европа.

-Знаме дека кога беше градоначалник се направи Глобал и криминал од 8 милиони евра. Започна постапка, а Црвенковски кој тогаш беше претседател го аболицираше. Заев велеше дека не сакал да биде аболициран, туку дека Црвенковски инсистирал. Поминаа години, се донесе закон со кој може да се побара да биде тргната аболицијата, но Заев не побара, бидејќи во меѓувреме, формалниот сопственик на Глобал искористувајќи го законот за легализација кој ние го донесовме,побарал да се легализира објектот. Заев мирно тивко ја потпиша легализацијата и сега пак молчи. Е таков човек не и треба ни на Струмица ни на Македонија, рече Груевски.

Претходно «
Следно »