October 28, 2021, 5:53 am

ЕДИ РАМА ГО ВООРУЖУВА КОСОВО СО ГОЛЕМИ КОЛИЧИНИ ОРУЖЈЕ: Српските служби предупредуваат на можна ескалација на состојбите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Официјална Тирана веќе со месеци наназад тајно дотура поголеми количини на оружје на Косово, а испораките одат потполно слободно бидејќи границата кон Албанија е отворена, пренесува српски Курир.рс
rama_oruzje
Албанија, по налог на премиерот Еди Рама ги вооружува Албанците од Косово, пренесува спрски Курир. Истовремено, на северот на Косово е забележан поголем број на екстремисти Албанци од Македонија, дознава српски Курир од безбедносно-разузнавачки извори.

Според нивните извори, за сите евентуални немири и ескалација на судирите веќе се известени и предупредени сите служби во регионот.
– Од нив само добивме информација дека официјална Тирана веќе со месеци наназад тајно дотура се поголеми количини на оружје на Косово и дека тие испораки одат потполно слободно, бидејќи границата кон Албанија по повлекувањето на нашите (српските) сили е отворена. Во прашање е оружје за герилско војување, поточно тероризам, а се е во склоп на нивниот проект за голема Албанија. Се работи за противоклопни средства, како што се противоклопни ракети, снајпери со поголем домет, од германско производство, противпешадиси и противтенковски мини, кои лесно може да се спакуваат во камиони, уреди за ноќно надгледување, современи средства за комуникација… – вели изворот за српски Курир.

Дека официјална Тирана не крие дека сака одново да го актуелизира проектот на голема Албанија, зборува и најновата провокација на Рама, кој се заканува дека ако перспективата за членство на западниот Балкан во ЕУ продолжи да бледнее, не може да се исклучи и обединување на неговата земја со Косово.

Бившиот началник на ВБА Момир Стојановиќ е убеден дека позади се сѐ крие опасно сценарио за дестабилизација.

Доколку ЕУ ги затвори вратите на Косово, „сите Албанци од регионот ќе живеат во една единствена држава за да се продолжи со понатамошна интеграција кон европското семејство“, тврди косовскиот претседател Хашим Тачи за радио Слободна Европа.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Се pacпаѓа ли парламентарното мнозинство? Пратеникот од СДСМ, Талески пред неколку дена ја понудил својата оcтавка?

Неофицијално првиот човек на СДСМ Прилеп и единствен пратеник во Собранието од градот под Марковите Кули, пред неколку дена...

More Articles Like This