ЕДИ РАМА Е КУРИРОТ, ПОШТАРОТ КОЈ ИСПРАТИ ИТНА ПОРАКА: Сите во НАТО без исклучок!

  • September 18, 2017

Целта на НАТО агресијата во Србија беше поставување на американската војска на Балканот, бидејќи себе се гледаат како наследници на Рим и сакаат да го абсорбираат целиот простор. Албанскиот премиер само ја отвара устата низ која зборуваат официјални претанвници на Алијансата. Сите запандо од Санкт Петербург и Одеса мораат да бидат под американска чизма

Кога дава изјави кои не се однесуваат на најтесните албански работи Еди Рама никогаш не зборува во свое ием, вели за Сптубник аналитичарот Александар Павиќ, реагирајќи на пораката на албанскиот премиер дека Босна и Херцеговина, Македонија и Косово и понатаму недостасуваат на мапата на НАТО.

„Рама е курир, поштар, тој го зборува она што ќе му го кажат во НАТО и користат некој како што е премиерот на Албанија да кажат што всушност е целта. Бидејќи се што во последните 20 години се прави на овие простори и воопшто на просторот на Европа укажува на тоа дека НАТО нема намера да застане“, вели Павиќ за Спутник.

Софистициран милитаризам

Секако дека Рама не зборува само во свое име, согласен е и Александар Митиќ од Центарот за стратешка алтернатива, и неговата изјава во потполност е во склад со стратешката комуникација на НАТО која се состои од тоа да од едната страна имаме умерени изјави на ген.секот на нАТО Јенс Столтенберг, а од друга страна агресивни изјави кои ги даваат разни аналитичари и државници како Еди Рама.

Улогата на Столтенберг во таквата стратешка комуникација на НАТО, објаснува Митиќ за Спутник, е да се изврши некаква врста на анестезија на народите и да го увери дека не постои сериозен притисок на Србија, Македонија, БиХ да станат членки во НАТО, дека тоа ќе биде потполно демократски избор.

Од друга страна, прецизира Митиќ, разни аналитичари, експерти, западни медиуми, и политичари како Рама испраќаат пораки кои со поразличен тон се пласирани и зборуваат токму за спротивното, а тоа е дека постои сериозен интерес и многу голем притисок и преостанатите земји од Западен Балкант да влезат во НАТО што порано и тоа под оправдувањето на безбедносен вакум кој може да се случи, а кој би можеле да го искористат Русија и Кина.

„Очигледно е значи, дека се работи за доста софистицирана стратешка комуникација. Меѓутоа, изгледа дека граѓаните добро ја читаат меѓу редови таа стратешка комуникција на НАТО за што зборуваат и испитувањата на јавното мислење“, напоменува Митиќ.

Секако, додава тој, не треба да се заборави ниту пораката која шефот на Воениот комитет на НАТО ја упати кон Рама, односно една врста на пофалба за Албанија за регионалната соработка, наместо осуда на големоалбанската политика која ја спроведува Тирана.

Спроведувањ на денешниот план

Се она што бившиот државен секретар на Министерството за одбрана на Германија Вили Вимер во 2000.година го наведе во прочуеното писмо на тогашниот канцелар Герхард Шредер, потсетува Александар Павиќ, зборува дека тогашната и сегашната политика се исти.

„Тогаш е кажано дека е јасно дека се прекршени меѓународните правила кога е бомбардирана Југославија, дека тоа е направено за да се постави американска војска во тој дел на Европа и да се исправи грешката на Ајзенхауер, кој тоа не успеа да го направи во 1945.година, и дека Американците себеси се гледаат како наследници на Рим, што значи дека целта е да се дојде до крајните граници на римскиот лимес, а тој простор, практичнос е црта од Санкт Петербург до Одеса. Тоа денес се оживува во облик на Интермариуми и се источно од тоа се смета за непријателска територија, а се што е западно од тоа, а Србија и Македонија спаѓаат во тој дел, мора да биде воено обезбедено“, категоричен е Павиќ.

Така да НАТО апсолутно има претензии да го абсорбира целиот простор, резонира Павиќ, а тоа што неговите претставници јавно не зборуваат за тоа само укажува дека не треба да ги гледаме зборовите, туку делата кои покажуваат дека сѐ се случува токму онака како што Вили Вилмер откри.

„Секако, ова што го зборува Еди Рама сега го зборува е само порака. Секак, тука се припрема јавноста, тестирање, чисто да се одржи тој притисок, но јасно е дека тоа всушност и ден-денес е политика на НАТО, Балканот е дефинитиво на мета. Дали како членка на НАТО или како простори кој целосно е пацифизиран, се единствени прашања за кои треба да се расправа“, истакнува Павиќ.

Претходно «
Следно »