October 24, 2021, 6:37 am

Една петтина од починaтитe починaлe истиот ден кога биле примени во болница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пулмологот Дејан Докиќ во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 како една од причините за високата смртност од корона вирус го посочи тоа што голем дел од пациентите во болница се примаат во многу тешка состојба.

-Постојат повеќе причини за високата смртност. Пациентите доаѓаат во тешка состојба. Не сите. Од 2.000 лечени пациенти во период од шест месеци, 381 пациент почина. Од кои една петтина починале истиот ден кога се примени, што значи дека се примени во многу тешка состојба и не може да им се помогне. Тоа е една причина, не е единствена.
Една од причините е и самиот имуниолошки систем, доколку има пресилен одговор. Тој е наследен, но на него влијаат и други надворешни фактори, изјави Докиќ.

Денеска беа регистирани 525 нови случаи на ковид-19, а починаа 12 лица. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.159 бројката на оздравени пациенти е 170.395, на починати е 6.557, а бројот на активни случаи изнесува 12.207.

Најмногу заболени има во Скопје, а висока е бројката и во Тетово и Куманово.

Latest News

Обама до Меркел: „Целиот свет ви должи голема благодарност“

Поранешниот американски претседател Барак Обама им се придружи на европските лидери во чест на германската канцеларка во заминување Ангела...

More Articles Like This