ЕДНА ПОРАКА ДО АМБАСАДОРОТ БЕЈЛИ: Народот ја лоцира вината за ситуацијата во Македонија кај американскиот амбасадор, па му испрати порака!

  • December 11, 2017

Иако некои аналитичари и експерти сметаат дека политичките партии капитулираа пред притисокот на западните центри на моќ, кои во последната деценија импутираа различни решенија исклучиво во корист на нивните стратешки интереси, а најчесто на штете на граѓаните на Р.Македонија, народот сепак нема намера да капитулира пред никаков притисок, напротив.

 

Вчеравечер во на паркингот во една скопска населба, граѓаните со боја испишале навредлива порака до Амбасадорот на САД во Р.Македонија Џес Бејли. За канвас ја употребиле белата позадина на една приватна цистерна за транспорт на нафтени деривати, во сопственост на компанија која важи за блиска до премиерот Зоран Заев.

Експертите кои ги контактиравме сметаат дека граѓаните вината за ситуацијата во која се наоѓа државата ја лоцираат токму во меѓународниот притисок, главно од западната меѓународна сцена врз Македонските политичари, заканувајќи им се и уценувајќи ги. На чело на таа западна меѓународна заедница, граѓаните ја сметаат САД, па логично е велат експертите гневот да е насочен кон американскиот амбасадор.

 

Претходно «
Следно »