Езеро кое личи на Малдиви, ама не смее да се допре

  • July 14, 2019

Еколозите ги предупредуваат луѓето дека не смеат да бидат во контакт со водата која доаѓа од преубавото езеро „Сибирски Малдиви“, во близина на Новосибирск.

Рускиот еколог Дмитриј Шаков предупредува дека водата од езерото може да предизвика алергиски реакции, дури и хемиски изгореници, дури и само ако се допре, пренесува „Танјуг“.

Тој додава дека водата е полна со тешки метали и штетни супстанци.

Сибирска енергетска компанија постави стража за да ги спречи приодот до езерото, но истовремено тврди дека езерото не претставува опасност за животната средина.

Езерото доби тиркизна нијанса поради хемиска реакција меѓу елементите од токсичниот отпад од локалната електирчна централа, пренесува АП.

Езерото може да го споредиме само со фотографии од Малдвите, вели жителот Сергеј Грива, иако тој никогаш не бил на Малдивите и не знае ни на географска карта да ги пронајде.

Претходно «
Следно »