ЕКОЛОШКА KAТACТPOФА: Топењето на Алпите ќе предизвика неповратна kaтakлизма на ekoсистемите!

  • April 11, 2019

Истражувањето претставено на состанокот на Европската геонаучна унија во Виена предвидело дека до крајот на векот глобалното зaтоплување ќе стопи голем дел од мразот кој го обликува изгледот и екосистемот на денешните Алпи, а тоа го предвидуваат швајцарските научници.

Дури и ако светот успее да ја постигне зададената цел за глобално затоплување на помалку од два степени Целзиусови во однос на прединдустриското ниво, две третини од ледниците во европските планински ланци ќе исчезнат до 2100-та година, тврдат научниците од ETH во Цирих.

„Алпите во главно ќе бидат без мраз до 2100-та година и само изолирани парчиња мраз ќе останат на врвовите“, рекол коавторот на истражувањето, Матијас Хус.

Научниците сметаат дека веќе од 2050-та година нема да има половина од мразот на алпските врвови, а во другата половина векот растот на температурите ќе биде многу поизразен.

Пpoблемот е што намалувањето на ледниците на Алпите ги пореметиле екосистемите и ќе влијае на економијата на тоа подрачје, бидејќи тие привлекуваат туристи.

Меѓутоа, од нив со вода се снабдуваат растителниот и животински свет, а но и земјоделството и хидроелектраните.

Претходно «
Следно »