August 13, 2020, 4:22 am

ЕКОНОМИЈАСиндикатите и здруженијата бараат итно повлекување на одлуката за поскапување на струјата

Поврзано

Важни информации за физичките и правните лица кои што биле клиенти на „Еуростандард банка“

Информации за физичките и правните лица коишто биле клиенти на „Еуростандард банка“ ад Скопје Од причина што на „Еуростандард...

Анализа на Народна банка: Храната поскапела во јули, инфлaцијата ќе оди нагоре

Храната поскапела во јули, инфлацијата ќе оди нагоре, покажуваат податоците на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка,...

И официјално: Зaтворена Еуростандард банка, НБРМ со детали за одлуката

Народната банка денеска ја зaтвори банката Еуростандард АД Скопје поради нeисполнување минимални законски услови за работење. Како што соопшти гувернерката...
- Advertisement -

Група синдикати и здруженија побараа од Регулаторната комисија веднаш да ја повлече Одлуката за поскапувањето на струјата.

Зад барањето стојат Синдикат на македонската дипломатска служба (СМДС), Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Самостоен синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ), Конфедерација на синдикалните организации на Македонија (КСОМ), Независен академски синдикат (НАкС), Левичарско движење СОЛИДАРНОСТ, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Здружение на граѓани „Гласен Текстилец“, ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена, Субверзивен фронт.

Тие оценија дека поскапувањето на струјата за 7,4 проценти е сканадлозно. Велат дека револтира што ваква одлука се носи во екот на најголемата криза од поновото време, кога илјадници луѓе остануваат без работа или добиваат намалување на платите, како и во период кога се обелоденуваат разни малверзации од страна на фирми кои добивале државна помош а не исплаќале плати на вработените.

„Со ваква штетна предлог Одлука уште еднаш се потврдува дека најголемиот удар од кризава ќе биде врз економски најранливите и работниците“, наведуваат Синдикатите и здруженијата.

Понатаму, додаваат дека револтира и образложението на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, дека цената морала да се покачи, поради намалените приходи на енергетските компании. Децидни се дека профитот на големите монополски компании не смее да биде пред јавниот интерес и обврската на државата да ги штити посиромашните граѓани.

Револтира и тоа што одлуката се носи преку ноќ, без никаква јавна консултација, среде лето, пред продолжен викенд и државен празник, кога граѓаните немаат многу простор да реагираат на неа, велат потписниците на барањето.

„Одлуката се носи и во пост-изборен период, кога не е конституирано Собранието и нема избрано нова Влада, поради што е спорен и нејзиниот легитимитет, бидејќи ова не е техничка одлука. Ова е политичка одлука, со сериозни политички и социјални последици, која ќе ги засегне сите граѓани на оваа држава на долг период. Укажуваме и дека многу европски држави во кризава донесоа одлуки со кои ги одложија или ги покрија сметките за струја за сиромашните граѓани, или пак ја намалија цената на струјата. Нашата држава, која има највисока сиромаштија и невработеност во цела Европа, има уште поголема обврска да донесе некоја таква мерка, наместо да покачува цени“, додаваат синдикатите.

Latest News

Џафери до Пендаровски: Мандат не се дава со најави преку медиумите, мандат се дава со мнозинство во Собранието

Oткако претседателот на државата, Стево Пендаровски, најави дека утре ќе му го додели мандатот за составување на нова Влада...

Освен премиерската функција, Ахмети ги бара ресорите за внатрешни работи и финансии, УЈП и НБРМ

Покрај барањето Насер Зибери да биде премиер во првата од четирите години од мандатот на идната влада, Али Ахмети од Зоран Заев бара и...

Рekeт ја затвори Еуростандард банка?

Ова е двојна игра од страна на Народна банка на Македонија“. Ова за Фактор првично го изјави бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на Еуростандард банка, за...

Одредена цената на руската вaкцина, се очекува и поевтинување со зголемување на побарувачката

Цената на руската вакцина пpoтив кopонавирус за меѓународниот пазар првично ќе биде најмалку 10 долари за две дози, изјави претседателот на Управниот одбор на...

Над 800 лица починaлe откако пиеле средства за чистење како лeк за кopонавирус

Поради дeзинформации поврзани со новиот koронавирус во светот починaa најмалку 800 луѓе, се наведува во студијата објавена во Американското списание за тропска медицина и...

More Articles Like This