ЕКОНОМИЈАТА ПРОПАЃА СЕКОГАШ КОГА СДС Е НА ВЛАСТ: Трибина на Комисијта за финансиски и монетарни прашања на ВМРО-ДПМНЕ

  • September 6, 2017

Трибините насловени „Отворено со комисиите на ВМРО-ДПМНЕ – Знаеме како, можеме подобро“ е најновиот начин на партијата за комуникација со граѓаните. Денеска трибина одржа Комисијата за финансии и монетарни прашања, на која говореа Христо Мукоски, Драган Цуклев, и Гордана Димитриеска-Кочоска.

-Сто дена за некого можеби се малку, меѓутоа за оваа Влада се доволен доказ, но и за нас како опозиција дека не им оди добро на Македонија кога е во прашање економската активност, изјави Драган Цуклев.

-Ние ова го потенциравме уште кога се носеше ребалансот на буџетот во Собранието и ние имено со ова кратење на капиталните инвестиции јасно беше дека економската активност во Македонија ќе се намали. Друга причина е тоа што со намалување на даноците кај стопанските субјекти постои грч и непредвидливост на економскиот амбиент кои ќе следи во следниот период и сето тоа се сведува на севкупното намалување на економската активност и прашање е ние до крајот на годината дали ние ќе ја оствариме предвидената стапка на економски раст со ребалансот на буџетот, потенцираше Цуклев.

Тој истакна дека уште еден доказ за нискиот и економски никаков кредибилитет на оваа Влада се анкетите од европската комисија и потрошувачката.

-Откако го изгласавме ребалансот на буџетот јас предвидов дека реално со тие параметри кои што тие ги прогнозираат и како одат работиве до денес, до крајот на годината наместо да креираат нов буџет за 2018 тие ќе мораат да прават нов ребаланс на буџет бидејќи токму овие економски параметри ќе не можат да ги задржат, изјави Крсто Мукоски.

 

-Во моментов се случува растур на бруто домашниот производ и ако се сеќавате во предизборната кампања ветуваа дека БДП ќе биде 5, 6 проценти, меѓутоа сега со ребалансот на буџетот министерот вели дека растот на бруто домашниот производ сите ќе бидат задоволни ако до крајот на годината заврши со 2, или 2,5 проценти. Со ова тие ќе признаа поразителните политики кои што ги водат во делот на економијата, инаку растот претходната влада го предвиде дека ќе биде 3 проценти, истакна Мукоски.

Тој потенцираше дека на овој начин СДСМ мора да ја зголеми инфлацијата инаку ќе манипулираат со буџетскиот дефицит и тој е убеден дека до крајот на годината тој буџетски дефицит треба да биде од 3,2 до 3,5 проценти.

-Минатата власт цело време беше критикувана дека расипнички се однесувала и дека повеќе троши отколку полни државната каса, а сега се поставува прашањето зошто го задржаа истиот буџетски дефицит? Ако паралелно на тоа викаат дека крателе непродуктивни трошоци и инвестиции?, прашува Мукоски.

Гордана Димитриеска-Кочоска истакна дека во минатото постојано се зборувало дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ја презадолжиле Македонија, но оти со новиот ребаланс на буџетот предвидено е зголемено задолжување, како од домашни, така и од странски извори.

 

 

-Во однос на аукциите кои што ги одржува Министерството за финансии, во континуитет слушаме дека ги враќаат парите, дека не се задолжуваат, дека долгот паднал итн. Меѓутоа, цифрите покажуваат нешто друго. Цифрите кажуваат дека во месеците јуни/јули/август вкупната реализација на аукциите е 145 милиони евра. Односно, од овие пари отплатиле кредити, ајде да кажеме дека тие се кредити кои ВМРО-ДПМНЕ ги земал во износ од 56 милиони евра, меѓутоа, останува износ од 89 милиони евра креиран долг, појаснува Димитриеска-Кочоска.

Вели дека Владата на СДСМ и понатаму продолжува да ја задолжува државата.

-Вториот момент кој што го слушнавме од министерот за финансии е дека ги намалил бројот на аукции. Воопшто не е важно колку аукции ќе имате, важно е вредноста по аукција. Вие можете да имате и една аукција во месецот, меѓутоа да биде на 100 милиони евра, потенцира Димитриеска-Кочоска.

Таа вели дека е лага оти СДСМ ги намалиле каматните стапки, бидејќи тие ги мерат со стапките од 2013 година, посочувајќи дека секоја година се работи во различни економски услови, и дека каматните стапки постојано се менуваат.

Претходно «
Следно »